Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека поради настанат дефект на водоводната мрежа во моментот без вода за пиење се селата Добрејци, Просениково, „Кванташки пазар“ и делови од улицата „Климент Охридски“ во Струмица. Екипи на јавното комунално претпријатие се на терен и работат на отстранување на дефектот. Нормализирање на водоснабдувањето се очекува околу 15:00 часот.