петок, 11 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Директорот на „Завод и Музеј“ Струмица, Бранко Ѓоргиев ја презентираше Годишната програма за 2025 година

понеделник, 24 февруари, 2025 | 17:23
in Вести, Струмица
Директорот на „Завод и Музеј“ Струмица, Бранко Ѓоргиев ја презентираше Годишната програма за 2025 година

Бранко Ѓоргиев

Директорот на Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица, Бранко Ѓоргиев денеска на прес конференција ја презентираше Годишната програма на НУ „Завод и Музеј“ Струмица за 2025 година.

Годинава добиле повеќе пари за реализација од Министерството за култура и туризам, а најави и продолжување со реализација на значајни капитални проекти, како што се довршувањето на Стариот струмички театар, реконструкција на црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Струмица и реализацијата на основен конзерваторки проект за санација на кровот на манастирот „Св. Леонтиј“ во Водоча, за кои од Министерството се одвоени дополнителни 212.200.000 денари.

Со 6.490.000 денари, НУ „Завод и Музеј“ од Струмица годинава ќе реализира над 35 проекти од музејската дејност, но и од областа на заштита на недвижното културно историско наследство.

Ќе има и заштитни археолошки истражувања на локалитетот Св. 40 севастиски маченици, кај Банско, заштитни археолошки истражувања на езерската наколна населба „Мрдаја“ во Дојран, како и два проекти за изработка на документација на културното наследство, еден проект за популаризација на културното наследство, еден меѓународен симпозиум, 5 публикации…

Ѓоргиев информираше дека во партнерство со музејот од град Кукуш, Грција аплицирале во ИНТЕРЕГ – програмата на Европската Унија за 2021-2027 година за изработка на кровна конструкција на античкото термално лекувалиште во Банско. Проектот бил одобрен и за негова реализација се издвоени 25.830.000 денари.

Од годинава новитет е и тоа што НУ „Завод и Музеј“ Струмица ќе располага со „делигиран буџет“. Тоа значи дека директорот и вработените сами ќе одлучуваат, во висина на одобрениот буџет од страна на Министерството за култура и туризам, за стратешкиот развој на институцијата преку самостојното утврдување на приоритетните проекти.

„Целта на оваа одлука е да се создадат услови за поефикасно планирање и реализација на програмските содржини од страна на директорот и вработените во установата“ – кажа Ѓоргиев.

ShareTweetShare
Previous Post

Промовирана првата есеистичка книга на еден од најпознатите и најпреведувани македонски писатели во светот – Никола Маџиров од Струмица

Next Post

Златна плакета за најдобра карикатура за Иваило Цветков од Бугарија – Златна плакета за најдобар афоризам за Јово Николиќ од Босна и Херцеговина

Related Posts

Попладнево избувнал пожар кај Владевци – интервенирале 28 пожарникари со 7 противпожарни возила
Василево

Попладнево избувнал пожар кај Владевци – интервенирале 28 пожарникари со 7 противпожарни возила

четврток, 10 јули, 2025 | 22:56
Пет лица од Баница добија 30-дневен притвор за напад на полициски службеник
Вести

Малтретираното девојче од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство

четврток, 10 јули, 2025 | 18:03
Возило излетало од патот Струмица – Валандово, 63-годишен струмичанец тешко повреден
Вести

Кривична пријава за татко од Ново Село: снимил и објавил насилство врз 11-годишната ќерка

четврток, 10 јули, 2025 | 15:09
Избувна пожар на планината Беласица – по брзата интервенција пожарот е изгаснат
Вести

Избувна пожар на планината Беласица – по брзата интервенција пожарот е изгаснат

среда, 9 јули, 2025 | 16:36
Испука плинска боца, интервенираа пожарникарите
Вести

Испука плинска боца, интервенираа пожарникарите

среда, 9 јули, 2025 | 12:05
Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии
Босилово

Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии

среда, 9 јули, 2025 | 10:29

ТОП ВЕСТИ

Малтретираното девојче од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство
Кривична пријава за татко од Ново Село: снимил и објавил насилство врз 11-годишната ќерка
Владата прогласи кризна состојба на територијата на цела држава

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist