среда, 5 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски во посета на СВР Струмица

вторник, 25 јули, 2023 | 17:41
in Вести, Струмица

Денеска во рамките на реализацијата на мерките и активностите предвидени со оперативниот план „Безбедно лето 2023“, Директорот на БЈБ, Сашо Тасевски заедно со стратешката група при Бирото за јавна безбедност имаше работна посета на Секторот за внатрешни работи Струмица.

Директорот Тасевски на Фејсбук информираше дека од страна на раководството на СВР Струмица, бил информиран за безбедносната состојба на подрачјето, која, како што напиша, е поволна.

„Го нагласив и поздравив фактот што на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица во првата половина од 2023 година се расчистени 5 од вкупно пријавени 6 кривични дела „разбојништво“, со што е постигната ефикасност од 83%, а се бележи намалување на пријавените кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ споредбено со првите шест месеци од 2022 година. Во овој дел беше потенцирано дека покрај намалувањето на бројот на пријавени тешки кражби и кражби се бележи зголемување на ефикасноста во откривање на сторителите, споредбено со истиот период лани. Имено, кај кривичните дела кражба ефикасноста е зголемена за 25%“, напиша Тасевски.

На средбата било потенцирана работата на СВР Струмица во рамките на недозволената трговија со дрога, каде што во првите 6 месеци од 2023 година поднесени биле 21 кривична пријава против 22 сторители при што се запленети поголемо количество марихуана, растенија канабис, амфетамин, таблетки МДМА и др.

За работата во областа на недозволената трговија и оружје од почетокот на кампањата „Безбедно лето 2023“, односно од почетокот на јули на подрачјето на секторот регистрирани биле 30 случаи, во кои при претрес на домови и прегледи на лица и возила се одземени разновидна опојна дрога и 7 парчиња оружје, 27 парчиња муниција и пиротехнички средства.

Директорот на БЈБ Сашо Тасевски информираше дека во рамки на посебна оперативна акција, на подрачје на СВР Струмица во првата половина на 2023 година се одземени 80.7 м/³ бесправно исечени огревни дрва, споредбено со истиот период во 2022 година, при што евидентирано е зголемување за 26,15%.

ShareTweetShare
Previous Post

ПЗУ Аптеки „ЕЛИКСИР“ го одбележа Светскиот ден на грижата за сопственото здравје

Next Post

Струмичкиот Суд доби тројца нови судии – Билјана Иванова, Костадин Ѓорѓиев и Катерина Тодорова

Related Posts

Од 6 до 9 ноември во Струмица ќе се одржи 8-от Mеѓународен симпозиум по археологија на тема „Теракота и грнчарија – Од Енкиду до зграфито“
Вести

Од 6 до 9 ноември во Струмица ќе се одржи 8-от Mеѓународен симпозиум по археологија на тема „Теракота и грнчарија – Од Енкиду до зграфито“

вторник, 4 ноември, 2025 | 10:06
Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај
Вести

Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај

понеделник, 3 ноември, 2025 | 21:19
Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург
Вести

Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург

понеделник, 3 ноември, 2025 | 09:18
Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик
Вести

Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик

недела, 2 ноември, 2025 | 19:46
Во прекин патниот правец Струмица – Валандово на Валандовско брдо
Вести

Уште една жртва во сообраќајка во струмичко – загина 63-годишен возач на мопед

недела, 2 ноември, 2025 | 13:19
Во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш загина 46-годишен жител на Сушево
Василево

Во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш загина 46-годишен жител на Сушево

недела, 2 ноември, 2025 | 11:52

ТОП ВЕСТИ

Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај
Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург
Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist