Младиот талентиран музичар, струмичанецот Јовче Пандев на YouTube го објави својот нов албум насловен „Децата корнат градина“. Осум аудио снимки со алтернативен рокенрол призвук на кои како автор се потпишува Јовче, заедно со Живко Барбутов, Иван Петровски и Ивана Василева.
Како инструменталисти на албумот „Децата корнат градина“ се јавуваат Зоран Трендов, Иван Петровски, Живко Барбутов, Дејан Митровиќ, Џоко Ѓоргиев, Александар Џигер Ванчовски и Иван Георгиев.
Песните се снимени во MUSIVERSE студио и Алшар, фотограф е Столе Ангелов, дизајн на насловна фотографија Никола Пијанманов, а како актерка на насловната се појавува Луна Мичевиќ.