Од СВР Струмица со информација за синоќешната сообраќајна несреќа на патот помеѓу Дабиле и Босилово во која загина 47-годишен маж од Бориево.
„На 27.06.2023 година во 21:15 часот на магистрален пат А4 Струмица-Ново Село, на делница помеѓу селата Дабиле и Босилово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Мерцедес“, управувано од А.Ѓ.(47) од село Бориево, струмичко и патничко возило „Фиат“, управувано од Р.М.(31) од село Костурино, струмичко, двете со струмички регистерски ознаки. Од здобиените повреди во несреќата починал возачот на „мерцедесот“, А.Ѓ., а смртта ја констатирал лекар во ЈЗУ Општа Болница Струмица, додека возачот на „фиат“, Р.М. се здобил со телесни повреди“ – информираат од СВР Струмица.
Увид на местото извршил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и увидна екипа од Полициската станица Струмица.