Струмичката библиотека „Благој Мучето“ има нов директор. По речиси две децении е сменето раководството на ова установа. Денис Мустафов е новиот директор на библиотеката. Тој е вработен како информатичар во библитеката, а сега ќе раководи со неа, објави ТВ канал ВИС.
Досега на чело на ЛУБ „Благој Мучето“ беше Тања Гошева, која како што извести од лични причини се повлекува од функцијата и сега ќе раководи со роднокрајното одделение.