четврток, 20 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Денеска се навршуваат 80 години од убиството на народниот херој Благој Јанков Мучето

недела, 14 јули, 2024 | 09:13
in Вести, Струмица
Денеска се навршуваат 80 години од убиството на народниот херој Благој Јанков Мучето

14 јули 1944 година. Сабота, пазарен ден во Струмица. Еден од најзлокобните денови што го паметат Струмица и струмичани. На тој ден во таа 1944 година, Струмица остана без најсветлиот лик во својата историја, Благој Јанков Мучето.

Само 19 денови го делеа од Првото заседание на АСНОМ во манастирот Свети Прохор Пчињски, на кој требаше да биде еден од делегатите. Неполни два месеца го делеа Мучето, за  да го доживее првото струмичко слободарско утро. За жал не ги доживеа тие два датума, иако со нетрпение ги очекуваше, но и ги заслужи.

Името Благој, презимето Јанков и прекарот Мучето, останаа да бидат револуционерен триптих и синоним на струмичкиот непокорен дух. Така било во овие изминати 80 години, така ќе остане за вечни времиња.

Народниот херој Благој Јанков Мучето, беше, останува и ќе биде гордост на струмичани.

По повод 80-годишнината од убиството на Благој Јанков Мучето денеска од 10:00 часот пред спомен плочата на влезот од големиот градски парк во Струмица ќе се одржи свеченост на која ќе се одржи реч за животот и делото на Мучето, како и изведба на револуционерна поезија. Пред спомен плочата во големиот парк, а потоа и пред бистата во малиот градски парк ќе се положува свежо цвеќе од претставници на локалната самоуправа, здруженија и политички партии.

„На денешен ден, на 14 јули 1944 година бугарскиот фашистички окупатор во Струмица го убива Благој Јанков-Мучето (3 јуни 1911 – 14 јули 1944) народен херој на Македонија, револуционер и комунистички деец. На неговата мајка не ѝ било да дозволено да го земе телото и да го погреба својот син, а бугарските власти го фрлиле кај реката Тркајна. Но, посмртните останки на Благој потоа се пронајдени и погребани. Мучето бил жесток противник и на политиката на бугарскиот окупатор за асимилација на македонскиот народ“. Ова го има напишано историчарот-кустос Емилија Петковска, сега почината, во својата научна статија со наслов „Струмичкиот народен херој“, која е објавена во зборник на Заводот за заштита на спомениците и Музеј на Струмица во 2014 година.

ShareTweetShare
Previous Post

Владата донесе одлука за кризна состојба поради пожарите низ цела држава

Next Post

Глигорова: Благој Јанков Мучето беше, е, и ќе биде наша струмичка гордост

Related Posts

Јован Коцев именуван за нов директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион
Вести

Јован Коцев именуван за нов директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион

среда, 19 ноември, 2025 | 21:53
Градоначалникот Јанков избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион
Босилово

Градоначалникот Јанков избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион

среда, 19 ноември, 2025 | 17:27
Од струмичкиот регион уште еден пратеник во македонското Собрание
Босилово

Од струмичкиот регион уште еден пратеник во македонското Собрание

среда, 19 ноември, 2025 | 17:00
Градоначалникот Јанков и претставникот на УНДП Грегоријан со заедничка поддршка за нови развојни проекти во Струмица
Вести

Градоначалникот Јанков и претставникот на УНДП Грегоријан со заедничка поддршка за нови развојни проекти во Струмица

среда, 19 ноември, 2025 | 14:16
Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица
Вести

Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица

среда, 19 ноември, 2025 | 13:09
Претрес во Струмица, пронајдена дрога, приведен дилер
Вести

Струмичани краделе предмети од радовишкиот рудник Бучим и ги продавале на нелегален отпад

среда, 19 ноември, 2025 | 12:26

ТОП ВЕСТИ

Од струмичкиот регион уште еден пратеник во македонското Собрание
Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица
ФОТО: Пожарникари од Струмица и Гевгелија извлекоа повредени лица од превртено товарно возило

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември
MOVEMBER во Струмица: Едукативна трибина за машкото здравје на 20 ноември
Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist