сабота, 30 септември 2023
almak
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Radio StrumicaNet
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
ПОЧЕТНА Вести

Денеска се навршуваат 11 години без македонската фолк легенда Гоце Арнаудов

вторник, 6 декември, 2022 | 08:47
во Вести, Магазин, Струмица

На денешен ден пред 11 години, (6 декември 2011), Македонија се прости со најголемата фолк ѕвезда… со секогаш насмеаниот, пријателски расположен за песна и дружба и секогаш подготвен да им помогне на сите… Гоце Арнаудов.

Неговите песни се пееја, се пејат и ќе се пејат, тој на секоја песна и даваше душа и ја пееше од душа и со неговата интерпретација беше и ќе остане незаменлив. Тој голем човек на македонскиот народ му го остави своето најголемо богатство, своите песни.

Една од последните негови песни е темата „Песно моја“ во која тој пее:

Песно моја биди жива

Кога мене ќе ме нема

Кога ќе се јавам јас пред Бога

Може лесно да ме бришат

Можат грешки да ми пишат

Но, сведок ти ќе останеш.

Без сомнение песните кои ги отпеа со многу љубов, продолжуваат да живеат и се сведок за еден голем човек и пејач со неверојатна енергија.

Гоце Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1959 година. Уште на 10-годишна возраст почнува да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование ја формира групата „Крик“, со која се претставувале низ цела поранешна Југославија. Гоце се враќа во Македонија во 1993 година и за кратко време ги освојува симпатиите и признанијата на својата публика и на музичката критика и каде и да учествува предизвикува еуфорија, а речиси на сите фестивали ги освојува првите места.

Во 1994 година на Фолк Фест „Валандово“ со песната „Дали чекаш стара мајциче“ ги освојува сите можни награди, а таа песна се уште е меѓу омилените фолк песни на македонската публика.

Тој зад себе остави 200 песни, учествувал на стотина фестивали, од кои на преку 60 има добиено прво место. Пет години е прогласуван за најпопуларната личност на Македонија. Учествата на фестивалот Фолк Фест „Валандово“ му донеле 22 награди, а неговите песни многу пати ги имаат добиено наградите на публиката и на телевизискиот аудиториум.

Неколку пати станува сопственик на наградата за интерпретација на најголемиот пејач Никола Бадев на фестивалот „Гоце Фест“. Редовно и гостуваше на публиката во Европа, Америка и Австралија. Учествуваше редовно и на добротворни концерти. Во 2000-та година во својот роден град Струмица, Гоце прави концерт на стадионот „Младост“ и собра 10.000 публика, а првите луѓе на градот му ја дават наградата „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ и за почесен граѓанин на Струмица.

Во малиот Градски парк во центарот на Струмица, спроти неговиот дом, Општина Струмица му постави споменик, уметничко дело на нашиот најталентиран уметник и професор по ликовно, Митко Тошев, за Гоцевата заслуга како и големиот придонес во фолк музиката.

СподелувањаTweetСподелувања
ПРЕТХОДНА ОБЈАВА

Пробајте го највкусното јадење подготвено во Гостилница „Кај Баче“

СЛЕДНА ОБЈАВА

Струмица ќе ги чествува Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици – патрон на градот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изложба на 3 октомври – „Битово ехо” од Стојмен Ѓорѓиевски – Туме
Вести

Изложба на 3 октомври – „Битово ехо” од Стојмен Ѓорѓиевски – Туме

петок, 29 септември, 2023 | 16:52
Во недела во Босилово ќе се одржи првата „АЈВЕРИЈАДА“
Босилово

Во недела во Босилово ќе се одржи првата „АЈВЕРИЈАДА“

петок, 29 септември, 2023 | 16:25
По 4-ти пат во Струмица Меморијален турнир во одбојка „Илија Караманов 2023“
Вести

По 4-ти пат во Струмица Меморијален турнир во одбојка „Илија Караманов 2023“

петок, 29 септември, 2023 | 15:02
Промоција на книгата „МАКЕДОНЦИ – Милениумски сведоштва за идентитетското име“
Босилово

Промоција на книгата „МАКЕДОНЦИ – Милениумски сведоштва за идентитетското име“

петок, 29 септември, 2023 | 14:13
Приведен крадец кој одзел повеќе предмети од фирма
Вести

Приведен радовишанец кој извршил повеќе кражби меѓу кои и возила во Радовиш и Струмица

петок, 29 септември, 2023 | 13:05
По вчерашните обвинувања градоначалникот Костадинов денеска на новиот Булеварски мост – „Овде сме на терен за да видиме дека мостот е 100% завршен“
Вести

По вчерашните обвинувања градоначалникот Костадинов денеска на новиот Булеварски мост – „Овде сме на терен за да видиме дека мостот е 100% завршен“

четврток, 28 септември, 2023 | 16:42

ТОП ВЕСТИ

Кирил Арапов – нов началник на СВР Струмица
Струмица стана членка на Мрежата на силни градови во светот
Пожар во атарот на Просениково – гореле викендица, шупи и стрниште

ВЕБ БИЛБОРД

Барам под наем канцеларија во градот Струмица Барам под наем канцеларија во градот Струмица
Фризерски салон вработува Фризерски салон вработува
„ДИТОДОРО“ Струмица вработува „ДИТОДОРО“ Струмица вработува
Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение
Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници

НАЈАВА

Изложба на 3 октомври – „Битово ехо” од Стојмен Ѓорѓиевски – Туме
Во недела во Босилово ќе се одржи првата „АЈВЕРИЈАДА“
По 4-ти пат во Струмица Меморијален турнир во одбојка „Илија Караманов 2023“
Промоција на книгата „МАКЕДОНЦИ – Милениумски сведоштва за идентитетското име“
Се подготвува „Убави сме, свои сме“ – Здружението „Вера“ бара ваши креации – модели во кои ќе бидат облечени нивните манекени

ФЕЈСБУК статус

Фејсбук статус на Владимир Ристов: Слаба реализација на Општина Струмица на капиталните инвестиции за 2022 година

Фејсбук статус на Жан Дрвошанов: Масакар на дрвјата во централното градско подрачје

Фејсбук статус на градоначалникот Костадинов: Инспекторите на лице место затекнаа несовесни граѓани кои гореле кабел

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: info@strumicanet.com | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist