Поради изведување на градежни активности, односно ставање втор слој асфалт, патот кон селото Сачево, денеска (вторник, 28 март) ќе биде затворен за сообраќај во периодот од 12:00 до 16:00 часот.
„Бараме разбирање од жителите на селото и останатите кои во овој период имаа потреба од користење на овој патен правец“ – стои во соопштението од Општина Струмица.