Четврток, 1 Јуни 2023
almak
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Radio StrumicaNet
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
ПОЧЕТНА Вести

Денеска е 4 мај, ден кога пред 120 години беше убиен Гоце Делчев

Четврток, 4 Мај, 2023 | 08:21
во Вести, Струмица
Денеска е 4 мај, ден кога пред 120 години беше убиен Гоце Делчев

Денеска е 4 мај, ден кога пред 120 години беше убиен Гоце Делчев. Сонцето на Македонија.

Преземено од Иван Котев:

На денешен ден пред 120 години во нерамна, но херојска борба со турскиот аскер беше убиен Гоце Делчев, еден од најголемите македонски револуционери, апостол, идеолог и организатор на македонското национално и револуционерно движење при крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век. Војвода на војводите, инспектор на четите, учител и човек кој влевал доверба кај собеседниците и ја добивал нивната доверба. Живеел многу кратко време и не можел да даде сѐ што требало да даде за македонија. Се родил во Кукуш, Егејска Македонија, во 1872 година, а загинал на денешниот ден 1903 година. Краток век за толку силен и надарен човек. Извесно време бил учител во Штип (Ново Село), работа што била параван за неговата вистинска дејност. Неуморно крстарел низ Македонија будејќи го духот на народот и припремајќи го за борба. Тој имал бриљантен ум. Знаел дека неукиот народ треба да се освести, робот да сфати дека не сака да биде роб и дека не е роб. За соработници ги бирал најспособните и најхрабрите. Во своите обиколки низ Македонија не ја одминал ни Струмица. Овде доаѓал во повеќе наврати. Фаќањето на Назл’м бег и барањето откуп со цел да се пополни касата и да се купува оружје била причина повеќе Гоце да престојува во нашиот крај.

Заедно со Ѓорче Петров ги пишуваат нацртите на Уставот и Правилникот на ТМОРО. Со четата крстари низ Македонија и создава силна организациона мрежа.

Гоце Делчев бил против дигање на неподготвено востание и во материјален и во духовен поглед. Одлуката на Солунскиот конгрес силно го вознемирила и Гоце со сите сили се стремел да го одложи востанието. Во тоа не успеал, затоа што на пат за Сер, каде сакал да учествува на Серскиот окружен конгрес, бил убиен во селото Баница, Серско, на 4 мај 1903 година.

Смртта на Гоце силно одекнала не само во Македонија, туку и во светот. Нашиот народ долго време го оплакувал својот апостол, својата надеж, своето сонце…

Неговиот живот е најоплакан живот. Неговата смрт е најопеана смрт. Македонскиот народен гениј повеке песни испеал само за Марко Крале.

Една негова мисла и денеска восхитува со својата актуелност: Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите. Мисла која се вклопува во вечноста.

Еве една песна што ја имам запишано пред педесет години во која се пее за тоа, дека и гората се радувала кога през неа требало да помине војводата над војводите:

Развивај горо зелена,
направи сенка ладена!
Направи сенка ладена,
извади вода студена,
извади вода студена!
Извади вода студена,
през теп ште мине Делчето,
през теп ште мине Гоцето!
През теп ште мине Делчев војвода,
с неговата верна дружина,
с неговата верна избрана.
Ете го Делчев де иде,
наметнал пушка на рамо,
наметнал пушка на рамо.
Наметнал пушка на рамо,
јостегнал сивото којнче,
јстегнал сивото којнче.
Јостегнал сивото којнче,
право си тегле ф Струмица,
право си тегле ф Струмица.
Право си тегле ф Струмица,
ф Струмичкото Поле широко,
ф Струмичкото Поле широко.

Забелешка: Песната е снимена на 6.10.1970 година во с. Куклиш. Пееше Киро Попов, роден 1909 година. Снимил и дешифрирал Иван Котев.
Македонскиот народ во својата колективна меморија го чува ликот и делото на Гоце Делчев, лик кој како златозрачно сонце ќе го топли и подгрева духот на сегашните и на генерациите кои доаѓаат.

Иван Котев

СподелувањаTweetСподелувања
ПРЕТХОДНА ОБЈАВА

Утре два часа прекин на електричната енергија во центарот на Струмица – погледнете кои објекти ќе се без струја

СЛЕДНА ОБЈАВА

На струмичкиот плоштад Гоце Делчев одбележана 120-годишнината од убиството на големиот македонски револуционер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екипата на III година – Гимназиско најдобри кошаркари на првиот турнир на СОУ „Јане Сандански“
Вести

Екипата на III година – Гимназиско најдобри кошаркари на првиот турнир на СОУ „Јане Сандански“

Среда, 31 Мај, 2023 | 20:23
Асоцијацијата за посебни текови на отпад во Струмица организираше дводневна работилница за размена на искуства и предизвици од имплементација на законите
Вести

Асоцијацијата за посебни текови на отпад во Струмица организираше дводневна работилница за размена на искуства и предизвици од имплементација на законите

Среда, 31 Мај, 2023 | 18:53
Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Килијан Вал во посета на Струмица
Вести

Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Килијан Вал во посета на Струмица

Среда, 31 Мај, 2023 | 18:14
Во Струмица на 3 јуни – Фестивалот EXIT и Coca-Cola го носат најдоброто светско фестивалско VR-искуство
Вести

Во Струмица на 3 јуни – Фестивалот EXIT и Coca-Cola го носат најдоброто светско фестивалско VR-искуство

Среда, 31 Мај, 2023 | 17:08
По втор пат „Вело Струмица“ на 1, 2 и 3 јуни
Вести

По втор пат „Вело Струмица“ на 1, 2 и 3 јуни

Среда, 31 Мај, 2023 | 15:38
Од утре до 9 јуни во Струмица „Classic International Festival Strumica 2023“
Вести

Од утре до 9 јуни во Струмица „Classic International Festival Strumica 2023“

Среда, 31 Мај, 2023 | 14:34

ТОП ВЕСТИ

По втор пат „Вело Струмица“ на 1, 2 и 3 јуни
Од утре до 9 јуни во Струмица „Classic International Festival Strumica 2023“
„Вознемирена земја“ во ко-авторство на струмичанката Кумјана Новакова номиниран за награда за најдобар документарен филм на Doc Alliance

ВЕБ БИЛБОРД

„Sugarland“ бара продавачи на сладолед „Sugarland“ бара продавачи на сладолед
Студиото за убавина „Престиж“ Струмица има потреба од физиотерапефт Студиото за убавина „Престиж“ Струмица има потреба од физиотерапефт
АМБАЛАЖНИ СЕРВИС вработува Возач на камион АМБАЛАЖНИ СЕРВИС вработува Возач на камион
АМБАЛАЖНИ СЕРВИС вработува Продажен референт – Комерцијалист АМБАЛАЖНИ СЕРВИС вработува Продажен референт – Комерцијалист
СЕ ИЗДАВА дуќан на струмичкото корзо СЕ ИЗДАВА дуќан на струмичкото корзо
Бутиците „УНО“ и „БРЕНД“ бараат продавачка Бутиците „УНО“ и „БРЕНД“ бараат продавачка
Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение
„ПЕЕМ ЕДЕЛВАЈС“ Струмица вработува продавачка „ПЕЕМ ЕДЕЛВАЈС“ Струмица вработува продавачка
Компанијата НИПРОМ вработува Компанијата НИПРОМ вработува
Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници

НАЈАВА

Во Музејот во Струмица на 26 мај Изложба „Ченто – биографија низ фотографија“
На 24 мај Изложба на фотографии „Во мир и тишина“
Изложба на иконовидни слики на тема „Светлина“ на Запро Запров
На 25 мај по 13-ти пат Фестивалот „Под кулите на Струмица“
Обвинителката Лидија Вукичевиќ на 27 мај доаѓа во Струмица

ФЕЈСБУК статус

Фејсбук статус на Владимир Ристов: Слаба реализација на Општина Струмица на капиталните инвестиции за 2022 година

Фејсбук статус на Жан Дрвошанов: Масакар на дрвјата во централното градско подрачје

Фејсбук статус на градоначалникот Костадинов: Инспекторите на лице место затекнаа несовесни граѓани кои гореле кабел

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: info@strumicanet.com | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist