На денешен ден, 26 февруари 2004 година, претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, шестчлена делегација и двајца пилоти загинаа при урнувањето на авионот од типот „Кингер“ на 15-километри јужно од Мостар во Босна и Херцеговина.
Денеска во Струмица, родниот град на Трајковски, во 10:00 часот пред споменикот „Македонија“ во големиот градски парк ќе се одбележи 20-годишнината од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски.