Рождество на Пресвета Богородица е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници сепак тој почнал да се празнува многу подоцна.
Рождество на Пресвета Богородица или Мала Богородица е еден од 12 големи празници во православието кој го слави раѓањето на Богородица. Богородица е родена во Назарет од стари и бездетни родители, благочестиви Јоаким и Ана како одговор на нивните молитви. Се слави на 8 септември според јулијанскиот календар или на 21 септември според грегоријанскиот календар.
Жителите од струмичкиот регион од вчера попладне го посетуваат Манастирот „Пресвета Богородица Милостива“ во Вељуса, кој денеска го слави својот патрон.