Болни и изнемоштени лица денеска го остварија своето право на глас за утрешните Претседателски избори. 356 лица од вкупно 49.562 граѓани со право на глас на територијата на општина Струмица биле пријавени и тие гласаа во домашни услови.
Од избирачките одбори кои го спроведуваа гласањето на терен велат дека целиот процес поминал лесно и без проблеми.
Освен болните и изнемоштени, денеска гласаа и лицата кои се наоѓаат во затворите.
Во текот на денот сите избирачки одбори од струмичкиот регион го подигнаа изборниот материјал од општинските комисии и ги уредија избирачките места.