Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека настанат е дефект на водоводната мрежа на дел од улицата „Маршал Тито“ во градот Струмица, поради што денеска (четврток, 6 април), од 10:00 до 13:00 часот ќе биде прекинато водоснабдувањето на оваа улица, од раскрсницата со улицата „Гоце Делчев“ до раскрсницата со улицата „Крушевска Република“.
Екипи на комуналното претпријатие се на терен и работат на отстранувањето на дефектот.