Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека поради настанат дефект на водоводната мрежа во прекин е водоснабувањето на дел од улицата „Крушевска Република“ во градот Струмица, односно од куќен број 90 до број 120. Екипи на комуналното претпријатие се на терен и работат на отстранување на дефектот. Нормализирање на водоснабдувањето се очекува до 15:00 часот.