Храбри и борбени беа девојките на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица во непредвидливото финале од Купот на Македонија во Радовиш против бранителот на двојната титула од лани ОК „Работнички“ од Скопје. Со прикажаната игра отвораат нова страница во борбата за титулата во ова првенствена сезона во која се на врвот на македонската одбојка.
Во големото финале од Купот на Македонија „Наковски Волеј“ загубија од „Работнички“ со 3:1, (23:25, 25:18, 30:28, 25:16) во сетови.