Одбојкарките на „Наковски Волеј“ со 3:0 целосно ја надиграа екипата на „Јанта Волеј“ во вториот полуфинален натпревар од Плеј офот и ги задржаа шансите за пласман во големото финале за освојување на Шампионска титула. Тие се реваншираа за поразот во Скопје и за втората победа ќе се одлучува во мајсторката закажана во Скопје.
Девојките играа на сите позиции и со прикажата борбена игра струмичката екипа „Наковски Волеј“ покажа дека во своите редови има квалитет и потенцијал да направи подвиг во Скопје.