петок, 19 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Двајца дипломати од Италија и Шпанија во Струмица промовираа книга – „Македонски погледи“

петок, 28 јули, 2023 | 09:27
in Вести, Струмица
Двајца дипломати од Италија и Шпанија во Струмица промовираа книга – „Македонски погледи“

Во Локалната установа Библиотека „Благој Јанков Мучето“ во Струмица беше промовирана четиријазична книга – стихозбирка насловена „Македонски погледи“ на двајца дипломати во Македонија, Марио Де Роза, заминик шеф на мисијата на Италијанската амбасада и Ернесто Ередеро дел Кампо, вицеамбасадор на Кралството Шпанија во Македонија.

Ова книга е дијалог на погледи, јазици и емоции собрани меѓу кориците, а посветени на нашата прекрасна земја Македонија во која читалот ќе пронајде фрагменти од повеќе симболи кои ја отсликуваат нашата земја, крстот на Водно, слаповите вода кај Мокрино, Зрзе, Дојранските трски, Охрид, Струга, Вардар…

Ова дело е плод на средбата на двајцата колеги дипломати, кои се запознале пред една година во Македонија и развија искрено и богато пријателство. Покрај љубовта кон поезијата и кон Македонија, која ги зближи, тие споделуваат и взаемна љубов кон своите земји и јазици. Од овие заеднички афинитети се родил интензивен дијалог во стихови.

Книгата е напишана на четири јазици, македонски, италијански, шпански и англиски јазик, а освен стихови кои опфаќаат теми од љубовта, па до смислата на животот, од просторот па до природата на времето, во книгата можете да прочитате сеопфатен разговор за различните форми на поетскиот јазик и за разликите што постојат меѓу бројните јазици, во нивниот начин на доловување на реалноста и изразување на реалната ширина на човечкото искуство.

Модератор на промоцијата беше Гонца Запрова Анастасова виш библиотекар, промотор на стихозбирката Ѓорги Калајџиев, стиховите на македонски јазик ги читаше Наташа Василевска – Трајчевска виш библиотекар, а на присутните во име на библиотеката им се обрати м-р Аница Глигорова Милева, советник библиотекар. Присутните гости уживаа и во прекрасните звуци на гитара на младата Александра Цветанова.

Ова промоција ја организираше Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ во соработка со Здружение за промоција на италијанскиот јазик и култура „Quo Vadis Ad Astra“.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Од 4 до 8 август во Струмица по 18-ти пат Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“

Next Post

Загина 17-годишно момче во сообраќајка на булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица

Related Posts

Во прекин патниот правец од Струмица кон Валандово, кај Куклишка крстосница
Вести

Синоќа кај брана Водоча во два одделни случаи фатени дрвокрадци кои превезувале бесправно исечени дрва

четврток, 18 септември, 2025 | 14:34
И годинава ќе се одржи Фестивалот „Подиум Ад Астра 2025“
Вести

И годинава ќе се одржи Фестивалот „Подиум Ад Астра 2025“

четврток, 18 септември, 2025 | 11:31
ЦУК: Гори депонија кај Колешино
Босилово

Приведен подметнувач на пожар меѓу селата Дабиле и Петралинци

среда, 17 септември, 2025 | 15:08
Босилово

Утре голем број на населени места во струмичко ќе бидат без струја од 08:15 до 16:00 часот

среда, 17 септември, 2025 | 11:23
Од традиција до модерна млекарница: „Ѓоргиеви“ од Радовиш, пример како ИПАРД ги менува аграрните бизниси
Вести

Од традиција до модерна млекарница: „Ѓоргиеви“ од Радовиш, пример како ИПАРД ги менува аграрните бизниси

вторник, 16 септември, 2025 | 18:47
Приведено 22-годишно момче, нападнал вработена во угостителски објект и ја оштетил влезната врата
Вести

Во Струмица уапсен крадец кој украл пари од каса во продажен објект

вторник, 16 септември, 2025 | 12:53

ТОП ВЕСТИ

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

ВЕБ БИЛБОРД

„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Утре прекин на електричната енергија во Василево, Пиперево и Просениково
Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist