Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Струмица и кандидат за градоначалник на општина Струмица, Марјан Даскаловски вечерва во Домот на АРМ организираше заедничка средба со раководството на партијата, советничката група на СДСМ, претседателите на месните одбори и координатори, како и поранешни функционери кои имаат партиципирано низ годините наназад во сите изборни циклуси.
„Енергијата на сплотеност и желба за секој еден член биде активиран во изборниот циклус дава огромен ветер во грб за она што следува. Започнавме од денес, продолжуваме до последен ден, заедно“ – кажа Даскаловски.
Тој најави во наредните месеци посета на секој еден граѓанин, подавање рака, собирање информации, предлози, идеи, со една единствена цел голема победа на Локалните избори кои ќе се одржат во втората половина на месец октомври.