Петок, 24 Март 2023
almak
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Radio StrumicaNet
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
ПОЧЕТНА Вести

Дами и Господа! Концерт под маски (13)…

Петок, 24 Февруари, 2023 | 10:55
во Вести, Магазин, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Дами и Господа! Концерт под маски (13)…

Дами и Господа она што се случуваше синоќа во Струмица по којзнае која пат го докажува епитетот Ѕвезден град, град во кој се раѓаат ѕвездите, од оние најмалите, град во кој живеат најдобрите уметници, град со најдобрите таленти, градот на музиката, на традицијата.

Во Центарот за култура во Струмица синоќа се случуваше „Концерт под маски“… Ако не бевте таму тешко ќе е да се раскаже, чуствата, емоциите, возбудата, визуелната имагинација на сцената со околу 250 деца, младите таленти на музичкото училиште „Боро Џони“.

Инспирацијата на учениците, професионалноста на нивните ментори, на сцената поставија нешто што можете да го почуствувате само кога сте на позната голема сцена во некоја од европските метрополи. Музичка приказна автентична од „нашето време“, актерска интерпретација со инструментални, соло и хорски изведби во живо.

Песни, музика, дијалог, кореографија во ритамот на мелодијата, ликови од цртаните филмови, глувци и мачки, госпоѓа Мачка и господин Глушец, Пинк Пантер, ликови од познати мјузикли, „Мачки“, „Фантомот од операта“, на сцената беше и малиот Виктор Борге… И професорите пееја, македонски шлагери од 70-тите, ги глумеа без маски Славе Димитров, Драган Мијалковски, Никола Автовски, Нина Спирова… го доловија Бродвеј со македонски евергрини… А салата преполна, и на двата концерти, и на тој во 18, и на другиот во 20 часот. Публиката уживаше во глумата и гласовите на младите уметници во приказната што веќе 13-та година ја создава Музичкото училиште „Боро Џони“, а посветена на струмичката публика во пресрет на големиот Струмички карневал.

Концертот под маски не се раскажува, не може ова ноќ да се опише со реченици… Но, фотографиите и видео снимките ќе може барем малку да ви ја доловат прекрасната атмосфера во карневалска Струмица…

ФОТОГАЛЕРИЈА >>>

ВИДЕО на ТВ канал ВИС >>>

СподелувањаTweetСподелувања
ПРЕТХОДНА ОБЈАВА

Струмичката библиотека ги додели наградите за литературна творба на тема „Магијата на карневалската маска“

СЛЕДНА ОБЈАВА

СООПШТЕНИЕ: Да се отстранат возилата од центарот на градот – утре (сабота) од 14:00 часот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Борец“ ќе ја предизвика „Струмица Никоб“ во финалето, откако вечерва ја победи „Шкендија“
Вести

„Борец“ ќе ја предизвика „Струмица Никоб“ во финалето, откако вечерва ја победи „Шкендија“

Четврток, 23 Март, 2023 | 22:06
Одбојкарите на „Струмица Никоб“ го продолжуваат патот до деветтата титула
Вести

Одбојкарите на „Струмица Никоб“ го продолжуваат патот до деветтата титула

Четврток, 23 Март, 2023 | 19:48
Предводени од коњаницата од Радово, голем број граѓани се упатија на сртот меѓу Дрвош и Иловица кај каменот на плодноста
Босилово

Предводени од коњаницата од Радово, голем број граѓани се упатија на сртот меѓу Дрвош и Иловица кај каменот на плодноста

Четврток, 23 Март, 2023 | 11:23
Уште една победа на „Струмица Никоб“ – 3:0 над тетовска „Лирија“
Вести

Почнува завршниот турнир на одбојкарскиот Куп на Македонија, во полуфиналето двете струмички екипи „Струмица Никоб“ и „Наковски Волеј“

Четврток, 23 Март, 2023 | 10:14
Британскиот амбасадор Метју Лосон на средба со градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов
Вести

Британскиот амбасадор Метју Лосон на средба со градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов

Среда, 22 Март, 2023 | 18:53
„Букварче мое другарче“ е најновото книжевно дело на Сузана Мицева, промовирано пред најмалите читатели
Вести

„Букварче мое другарче“ е најновото книжевно дело на Сузана Мицева, промовирано пред најмалите читатели

Среда, 22 Март, 2023 | 18:02

ТОП ВЕСТИ

Во струмичката болница за првпат е изведена процедура за стентирање на вратна артерија преку артерија на рака на пациентот
Општина Струмица почна со селектирањето на отпад кај домаќинствата – се делеше „втора канта“
Горан Пандев доби „Златна Бубамара“ за спортска легенда, Џамбо Агушев за најпозната труба

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава деловен простор на плоштадот во Струмица Се издава деловен простор на плоштадот во Струмица
Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници
Фирма за производство на мебел бара работници Фирма за производство на мебел бара работници
„БЕНЗОИЛ“ вработува „БЕНЗОИЛ“ вработува
„Престиж“ бара фризер, физиотерапефт, како и девојка што има желба да го изучува занаетот „Престиж“ бара фризер, физиотерапефт, како и девојка што има желба да го изучува занаетот
Нова фирма бара работник за нов Салон за продажба на мотори во Струмица Нова фирма бара работник за нов Салон за продажба на мотори во Струмица
„ПЕЕМ ЕДЕЛВАЈС“ Струмица вработува продавачка „ПЕЕМ ЕДЕЛВАЈС“ Струмица вработува продавачка

ВЕСТИ од Македонија

Минималната плата поголема за 12%, сега изнесува 20.175 денари

Временска прогноза за утре: Пороен дожд, грмежи и ветер

Почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари

НАЈАВА

Промоција на книгата „Заточена светлина“ од Смилана Василевска
Сузана Мицева ќе ја промовира книгата за деца „Букварче мое другарче“
На 21 март во Струмица – Музички хепенинг „Различно Исти“
Во четврток прекин на електричната енергија на улицата „Кирил и Методиј“ во Струмица
Еко акција „Чисти ридови за сите“ во општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село

ФЕЈСБУК статус

Фејсбук статус на Владимир Ристов: Слаба реализација на Општина Струмица на капиталните инвестиции за 2022 година

Фејсбук статус на Жан Дрвошанов: Масакар на дрвјата во централното градско подрачје

Фејсбук статус на градоначалникот Костадинов: Инспекторите на лице место затекнаа несовесни граѓани кои гореле кабел

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: info@strumicanet.com | Создадена од: ArkaHost

НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist