Синоќа во 22:30 часот во струмичко село, полициски службеници од Полициското одделение Ново Село го лишиле од слобода А.В.(25) од село Косевица, општина Македонска Каменица. Тој се сомничи дека извршил обљуба врз 81-годишна жена од струмичко, информираат од струмичката полиција.
Грозоморниот чин се случил вчера во раните утрински часови во домот на жената. Според првичните информации, околу 03:30 часот додека таа спиела напаѓачот влегол во нејзиниот дом и со употреба на сила го извршил чинот на обљуба.
А.В. е задржан во Полициска станица Струмица, за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и против него ќе биде поднесена кривична пријава. Во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.