сабота, 13 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Граѓанските организации бараат квота на застапеност на лицата со попреченост во политичкиот живот

среда, 18 октомври, 2023 | 16:21
in Вести, Струмица

„Лицата со попреченост се најбројното малцинство. Според статистиката на Светската Здравствена организација, 15% од населението е со попреченост. Сепак, сé уште се недоволно застапени во демократските структури, парламентот, советите на општините и политичките партии. Голем број на значајни пречки негативно влијаат врз ангажманот на овие граѓани. Вклучувањето во политичкиот живот на лицата со попреченост треба да биде еден од главните приоритети на надлежните институции, локални самоуправи и на политичките партии – кажа Благица Димитровска од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА на денешната Панел дискусија што се одржа во Струмица на тема „Политичко учество на лицата со попреченост“.

Танкица Митрева, член на Советот на општина Струмица од партијата СДСМ кажа дека нејзината партија на последните парламентарни избори излезе со листа за Изборната единица број 4, на која беше застапено и лице со попреченост од Струмица, односно лице кое се движи со помош на инвалидска количка. Малку недостасуваше тоа лице да стане пратеник во највисокиот законодавен дом во државата.

„Но, ако се симнеме на локално ниво, тогаш мора да се признае дека не постои лице со попреченост кое директно учествува во практицирањето на локалните политики, не само од партијата на власт, туку и од опозицијата. На пример, такво лице во Советот на општина Струмица нема. Но што значи тоа? Ако, поради ова, лицата со попреченост се оневозможени на директен начин, преку институционално одлучување да бидат дел од локалните политики, тоа не значи дека индиректно не се вклучени во креирањето на тие политики, особено кога се работи за остварување на нивните потреби, барања и интереси“ – кажа Митрева.

Здружението за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА, заедно со Институтот за човекови права подготвуваат иницијатива која ќе ја поднесат пред македонските институции со цел лицата со попреченост да бидат вклучени во процесите на одлучување во општеството.

Покрај претставници на здруженија на граѓани кои се борат за правата на лицата со попреченост на Панел дискусијата говореа и Спасе Додевски, координаторот за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост и Тони Милушев, раководител на Одделението за локален економски празвој при Општина Струмица.

Целта на овие Панел дискусии во организација на Здружението ИНКЛУЗИВА, а со поддршка на Општина Струмица е да се подигне свеста на локалните политички партии и претставници на Советите на општините, дека лицата со попреченост имаат еднакви права и можности за политичко учество.

ShareTweetShare
Previous Post

Фудбалерите на ФК „БРЕРА“ преку фотографии ги промовираат убавините на Струмица

Next Post

Градоначалникот Костадинов и претседателката на Здружението „Проект среќа“, Арнаудова потпишаа Меморандум за соработка

Related Posts

ЗНАМ до ОИК Струмица ја поднесе листата со кандидати за советници – Александар Илиев ќе ги предводи 23-та кандидати
Вести

ЗНАМ до ОИК Струмица ја поднесе листата со кандидати за советници – Александар Илиев ќе ги предводи 23-та кандидати

петок, 12 септември, 2025 | 20:16
Доктор Миле Гогов ќе биде носител на советничката листа на СДСМ на претстојните Локални избори
Вести

Доктор Миле Гогов ќе биде носител на советничката листа на СДСМ на претстојните Локални избори

четврток, 11 септември, 2025 | 22:51
Во Центарот за култура поставени делата изработени на годинашната Струмичка ликовна колонија
Вести

Во Центарот за култура поставени делата изработени на годинашната Струмичка ликовна колонија

четврток, 11 септември, 2025 | 22:08
Струмица ја одбележува 81-та година од ослободувањето на градот
Вести

Струмица ја одбележува 81-та година од ослободувањето на градот

четврток, 11 септември, 2025 | 12:37
Денеска Струмица го слави ослободувањето на градот од пред 79 години
Вести

Денеска Струмица го слави ослободувањето на градот од пред 81 година

четврток, 11 септември, 2025 | 08:47
Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Вести

Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“

вторник, 9 септември, 2025 | 15:53

ТОП ВЕСТИ

Доктор Миле Гогов ќе биде носител на советничката листа на СДСМ на претстојните Локални избори
Во Центарот за култура поставени делата изработени на годинашната Струмичка ликовна колонија
Струмица ја одбележува 81-та година од ослободувањето на градот

ВЕБ БИЛБОРД

Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist