Од Општина Струмица ги известуваат граѓаните кои живеат на улицата „Младинска“, на потегот од кружниот тек со булеварот „Гоце Делчев“ до мостот на поројот „Крушевска Република“, дека од утре (понеделник, 13 ноември) ќе се започне со асфалтирање на улицата.
Се молат граѓаните да не ги оставаат возилата на улицата и да имаат разбирање додека се извршуваат градежните активности.