четврток, 17 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Градоначалникот на Струмица со претседателот на ЗЕЛС и министерот за земјоделство ги договорија насоките за решавање на проблемите на струмичани

вторник, 12 ноември, 2024 | 21:48
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Градоначалникот на Струмица со претседателот на ЗЕЛС и министерот за земјоделство ги договорија насоките за решавање на проблемите на струмичани

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски денеска одржа средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски и градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов, за решавање на проблемите на струмичани и изнаоѓање заеднички решенија. На состанокот се усвоија неколку заклучоци, а Ѓорѓиевски истакна дека ЗЕЛС е обединет и додека е тој претседател, сите проблеми ќе се решаваат на заедничка маса.

„Со добра волја и на заедничка маса, да дојдеме до заедничко и прифатливо решение за сите – беше нотирано денес на средбата во просториите на ЗЕЛС, која ја одржавме заедно со министерот Цветан Трипуновски и колегата Костадин Костадинов од Струмица. Со разговор секогаш се доаѓа до целта, па така и оваа плодна средба ќе вроди со плод, бидејќи веќе ги зацртавме правците на траекторијата за трајно решавање на проблемите на граѓаните од Струмица. Како што истакнав на моите претходни излагања, кај мене не постои поделба по ниту една основа и ќе бидам медијатор во решавање на сите процеси. Политика мора да стои настрана, граѓаните се приоритет“ – напиша на Фејсбук Ѓорѓиевски.

На средба, како што напиша Ѓорѓиевски, се договориле да се формира комисија од повеќе научни институции за следење на фактичка состојба на браната „Турија“ и причините за неодамнешното појавување на манган во водата.

Тој истакнува дека долгот што го има Општина Струмица спрема АД „Водостопанство“ ќе биде сервисиран согласно утврдена динамика и оти претпријатието ќе ги извршува сервисирањата и услугите од својата надлежност.

„Дискутиравме за квалитетот на водата која што во моментов според надлежните институции е исправна и чиста за пиење. Драго ми е и што колегата Костадинов го промени својот став и ЗЕЛС останува обединет“ – додаде Ѓорѓиевски.

„Позициите на Струмица исполнети“! – напиша на Фејсбук градоначалникот Костадинов.

„Деполитизација на предизвикот со водата во брана Турија! Работна експертска група која ќе даде дијагнозата и насоките, краткорочни, среднорочни и долгорочни за превенција на повторно појава на високо ниво на манган во водата. Динамика која ќе мора да ја почитуваме за сервисирање на долгот кон АД „Водостопанство“. Целосно превземање на обврските согласно надлежностите на АД „Водостопанство“, МЗШВ, “пштина Струмица. Затоа и беше активиран алармот, за да најдеме заедничко решение! Кога се сака, се може“ – напиша Костадинов.

ShareTweetShare
Previous Post

Во Струмица отворена првата еко перална – Еко Лаундри Хаус

Next Post

Сé уште гори на планината Беласица – огнот се приближил до црквата „Св. Петар и Павле“

Related Posts

Младата уметница од Струмица Камелија Каламерникова ќе постави изложба во Градската уметничка галерија
Вести

Младата уметница од Струмица Камелија Каламерникова ќе постави изложба во Градската уметничка галерија

среда, 16 јули, 2025 | 13:18
Жена загина во тешка сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и автомобил кај Владевци
Вести

Загина 33-годишен жител на Иловица – управувајќи мотор удрил во бандера

среда, 16 јули, 2025 | 12:52
СДСМ Струмица реагира: Кој се обидува да се сокрие зад некогаш реномираниот ТВ Канал ВИС?
Вести

СДСМ Струмица реагира: Кој се обидува да се сокрие зад некогаш реномираниот ТВ Канал ВИС?

вторник, 15 јули, 2025 | 22:06
За 8 часа изречени 197 санкции на возачи за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица
Вести

Приведени тројца млади струмичани, кај еден од нив пронајдена марихуана

вторник, 15 јули, 2025 | 13:42
Јубилејното 20-то издание на „АСТЕРФЕСТ“ од 4 до 8 август под мотото „Филмски крстопати“
Вести

Јубилејното 20-то издание на „АСТЕРФЕСТ“ од 4 до 8 август под мотото „Филмски крстопати“

вторник, 15 јули, 2025 | 08:13
Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“
Вести

Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“

понеделник, 14 јули, 2025 | 17:45

ТОП ВЕСТИ

Загина 33-годишен жител на Иловица – управувајќи мотор удрил во бандера
Јубилејното 20-то издание на „АСТЕРФЕСТ“ од 4 до 8 август под мотото „Филмски крстопати“
Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“

ВЕБ БИЛБОРД

Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии
На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist