Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов денеска во Париз ја прими наградата „Личност на годината за 2024 на Југоисточна Европа“ што ја доделува Одборот на Фестивалот на Југоисточна Европа кој последните 11 години се одржува во Париз, Франција.
Струмичкиот градоначалник наградата ја доби за особена заслуга во трансформацијата на градови и добро менаџирање.
„Да се биде меѓу најдобрите е за мене голема чест и признание, но и огромна обврска да продолжам да ја задржам оваа динамика. Моето ветување дека Струмица ќе биде меѓународно афирмирана и признаена, е реализирано. Продолжувам со истата ревност, во име на мојата Струмица и од срце“ – напиша градоначалникот Костадинов на својот Фејсбук профил.