недела, 13 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Градоначалникот на Струмица е избран за Личност на Југоисточна Европа за 2024 година

понеделник, 5 февруари, 2024 | 16:13
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Градоначалникот на Струмица е избран за Личност на Југоисточна Европа за 2024 година

Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов е избран за „Личност на Југоисточна Европа за 2024 година“. Ова денеска во Струмица го соопшти македонскиот драматург и сценарист Јордан Плевнеш, носител на повеќе светски признанија, член на Одборот на Фестивалот на Југоисточна Европа во Париз, Берлин и Вашингтон и претседател на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима.

Плевнеш, одлуката на Одборот на Фестивалот на Југоисточна Европа кој е препознатлив прозорец на културата на Југоисточна Европа во светот, му ја соопшти лично на градоначалникот Костадинов во неговиот кабинет.

„Ова признание ќе ја пренесе славата на Струмица на сите меридијани, бидејќи тоа е град којшто е познат на мапата на светот по една долга духовна историја којашто започнува од антиката, низ римското време, низ средновековниот период и Светите 15 маченици влегуваат во европските и светските трезови на светската меморија и фестивалот во Париз, Берлин и во Вашингтон, ќе ја открие таа димензија. Швајцарскиот писател Никола Бувие во својата книга „Употребата на светот“ кажа дека Балканот е срцето на Европа и денеска Струмица е главниот град на тоа срце на Европа, благодарение на вашето признание за кое ви честитам од се срце“, кажа Плевнеш.

Градоначалникот Костадинов заблагодарувајќи се за ова високо признание рече дека истото го посветува на сегашните и идните генерации струмичанки и струмичани.

„Добивајќи го ова високо признание, за мене поважно е препознавањето на силните заложби на општинската администрација, на Советот на општината во негувањето на културното наследство, на културата во општина Струмица, и пред се фокусот на трансформација на општина Струмица преку силните капитални инвестиции коишто се реализираат во нашиот град и во сите населени места, особено во делот на вело патеките и во делот на имплементација на електрифициран јавен превоз со што Струмица е прв град на Балканот којшто имплементира таков проект. Ова огромно светско признание го посветувам на сегашните генерации струмичанки и струмичани, но и на идните како порив уште повеќе да си ја негуваат, сакаат и чуваат општина Струмица, оти Струмица сме ние, колку ние ја љубиме Струмица, толку и таа ни возвраќа нам“ – кажа градоначалникот Костадинов.

ShareTweetShare
Previous Post

Исчезнат е 78-годишен маж од село Радово

Next Post

Утре дел од Иловица без струја од 11 до 15 часот

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ сé уште прави анализи кој да им биде кандидат за градоначалник на Струмица – Антонио Милошоски на средба со членството
Вести

ВМРО-ДПМНЕ сé уште прави анализи кој да им биде кандидат за градоначалник на Струмица – Антонио Милошоски на средба со членството

сабота, 12 јули, 2025 | 20:04
Костурино го слави Петровден – Даскаловски присуствуваше на турнир во пеливанско борење
Вести

Костурино го слави Петровден – Даскаловски присуствуваше на турнир во пеливанско борење

сабота, 12 јули, 2025 | 19:21
Приведен крадец во Струмица, украденото вратено на сопственичката
Вести

Претрес во Струмица, пронајден хашиш

сабота, 12 јули, 2025 | 10:55
Попладнево избувнал пожар кај Владевци – интервенирале 28 пожарникари со 7 противпожарни возила
Василево

Попладнево избувнал пожар кај Владевци – интервенирале 28 пожарникари со 7 противпожарни возила

четврток, 10 јули, 2025 | 22:56
Пет лица од Баница добија 30-дневен притвор за напад на полициски службеник
Вести

Малтретираното девојче од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство

четврток, 10 јули, 2025 | 18:03
Маж со пушка им се заканувал на две жени во Струмица
Вести

Синоќа полицијата приведе 21-годишно момче – во неговиот автомобил пронајде марихуана

четврток, 10 јули, 2025 | 16:18

ТОП ВЕСТИ

Малтретираното девојче од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство
Кривична пријава за татко од Ново Село: снимил и објавил насилство врз 11-годишната ќерка
Владата прогласи кризна состојба на територијата на цела држава

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist