Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов е избран за нов претседател на Советот на градоначалници на југоисточниот плански регион. Тој денеска на седница на Советот на градоначалници беше избран од мнозинството градоначалници од југоистокот да раководи со овој Совет со мандат од една години.
Андонов беше предложен од градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов. Во игра за функцијата претседател беше и градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов на предлог на градоначалникот на општина Богданци, Блаже Шапов. По двете паузи Костадинов се повлече од кандидатурата и заедно со градоначалникот Шапов и претставникот на градоначалникот на општина Валандово го напуштија гласањето.