Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов даде предлог до менаџментот на ЈПКД „Комуналец“ Струмица цената на водата во домаќинствата од сегашните 33,9 денари за кубен метар да се наплаќа по цена на техничка вода во износ од 7,85 денари за кубен метар, се до обезбедување на безбедна вода во градскиот водоснабдителен систем.
Инаку од утрово „Комуналец“ на повеќе локации во градот Струмица и населените места, како и во сите училишта и детски градинки постави канистри со вода за пиење за граѓаните.