Вечерва во хотелот „Сириус“ се одржува традиционалниот Маскенбал во рамките на Струмичкиот карневал. Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов маскиран како Јосип Броз Тито, некогашниот претседател на СФРЈ. Друштво му правеше Јованка Броз, новата девојка на градоначалникот, Гордана Георгиева од Струмица, која по професија е доктор.