Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, сними видео порака со кучето Струмка, сместено во „Стационар Лана“ со апел, на националниот ден на домашните миленици, да си вдомите милениче.
„Земајќи ја предвид статистиката за голем број напуштени домашни миленичиња, сакам да посочам дека во моментот кога секој еден ќе реши да вдоми миленик, го зголемува своето семејство. Ве охрабрувам, сите оние кои сте во можност и секако, имате желба – одберете го својот крзнен пријател и збогатете го домот. Да вдомуваме, да бидеме хумани, одговорни и вистински да ги сакаме животните“ – кажа градоначалникот Костадинов.
Доколку сакате да вдомите милениче можете да се обратите во „Стационар Лана“ Струмица на: 070 275 615 или да ги контактирате во порака преку нивната Фејсбук страница >>>