сабота, 12 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Градежниците го одбележаа празникот Св. Тома – кумството го презема Секторот за урбанизам

сабота, 19 октомври, 2024 | 16:48
in Вести, Струмица
Градежниците го одбележаа празникот Св. Тома – кумството го презема Секторот за урбанизам

Веќе 32 години градежниците од струмичкиот регион организираат средба и го чествуваат празникот, својот патрон Свети Тома – заштитникот на градежниците. И денеска во Манастирот „Св. Богородица Елеуса“ во Вељуса повторно се собраа, а во чест на патронот на градежниците литургија во црквата служеше отец Стоил Димитриев од Струмичката Епархија при МПЦ-ОА.

Кумот на годинашнава манифестација и организатор на прославата, Игор од „Евроградба Инжинеринг“, кумството за наредната година го предаде на Секторот за урбанизам при Општина Струмица.

Раководителот на овој Сектор, Софија Ристова Патрикова во своето поздравно обраќање и преземањето на кумството кажа дека оваа прилика е одлична за да се изрази благодарност и признание за сите оние кои со својата посветеност, труд и креативност ја обликуваат нашата урбана средина.

„Во прв ред, сакам да се заблагодарам на нашиот градоначалник Костадин Костадинов и на целокупниот сектор за урбанизам во нашата општина. Ваша е заслугата за успешната соработка која ја воспоставивме во последните години. Вашата поддршка и отвореност за дијалог се основа на нашите постигнувања, а заедничките напори се клучни за реализација на амбициозните проекти кои го подобруваат животот на нашите граѓани. Без добра волја и квалитетна комуникација помеѓу нас, не би било можно да постигнеме ни приближно толку многу. Заеднички работиме на изградба на инфраструктурни објекти, социјални станбени единици и јавни простори кои не само што ги исполнуваат техничките стандарди, туку и создаваат чувство на заедништво и иднина за сите нас“ – кажа Ристова Патрикова.

Таа упати повик до сите градежниците, да веруваат во Бога, бидејќи како што кажа, Тој е темелот на сѐ.

„Да не бидеме неверни како Светиот апостол Тома, да си веруваме еден на друг, да продолжиме да работиме заедно, да споделуваме знаење и искуства, и да се поддржуваме во предизвиците што ги носи оваа професија. Заедно, со истата посветеност, можеме да го направиме нашиот град подобро место за живеење“ – додаде Ристова Патрикова.

Со ова традиционална манифестација која секоја година се одржува на 19-ти октомври, а на која присуствуваат архитекти, техничари, градежниците, се одбележува крајот на градежната сезона. Ова е единствена манифестација од ваков карактер во Македонија, односно само струмичките градежници на тој начин го одбележуваат овој празник.

ShareTweetShare
Previous Post

Сузана Мицева – новинар од Струмица меѓу добитниците на наградите за истражувачко новинарство на Европската Унија

Next Post

ФОТО: Над Смолари се одржа манифестацијата „Костенијада 2024“ – наоколу мирис на печен костен

Related Posts

Попладнево избувнал пожар кај Владевци – интервенирале 28 пожарникари со 7 противпожарни возила
Василево

Попладнево избувнал пожар кај Владевци – интервенирале 28 пожарникари со 7 противпожарни возила

четврток, 10 јули, 2025 | 22:56
Пет лица од Баница добија 30-дневен притвор за напад на полициски службеник
Вести

Малтретираното девојче од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство

четврток, 10 јули, 2025 | 18:03
Маж со пушка им се заканувал на две жени во Струмица
Вести

Синоќа полицијата приведе 21-годишно момче – во неговиот автомобил пронајде марихуана

четврток, 10 јули, 2025 | 16:18
Возило излетало од патот Струмица – Валандово, 63-годишен струмичанец тешко повреден
Вести

Кривична пријава за татко од Ново Село: снимил и објавил насилство врз 11-годишната ќерка

четврток, 10 јули, 2025 | 15:09
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Тешко повреден велосипедист – излетал од патот

четврток, 10 јули, 2025 | 14:37
Избувна пожар на планината Беласица – по брзата интервенција пожарот е изгаснат
Вести

Избувна пожар на планината Беласица – по брзата интервенција пожарот е изгаснат

среда, 9 јули, 2025 | 16:36

ТОП ВЕСТИ

Малтретираното девојче од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство
Кривична пријава за татко од Ново Село: снимил и објавил насилство врз 11-годишната ќерка
Владата прогласи кризна состојба на територијата на цела држава

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist