Во Манастирот „Св. Богородица Елеуса“ во Вељуса по 31-ви пат градежниците од струмичкиот регион организираат средба и го чествуваат празникот, својот патрон Свети Тома – заштитникот на градежниците.
Кумот на годинашнава манифестација и организатор на прославата, Емилија Конева од „Бони Интерградба“, кумството за наредната година го предаде на Игор од „Евроградба Инжинеринг“.
Со ова традиционална манифестација која секоја година се одржува на 19-ти октомври, а на која присуствуваат архитекти, техничари, градежниците, се одбележува крајот на градежната сезона. Во чест на Св. Апостол Тома, патронот на градежниците кратко молитвословие во црквата служеше Владиката Јаков Стобиски со свештеници на Струмичката Епархија.
Ова е единствена манифестација од ваков карактер во Македонија, односно само струмичките градежници на тој начин го одбележуваат својот празник.