Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека вчера во 14:45 часот интервенирале над селото Габрово каде избувнал пожар и зафатил голема површина со сува трева, папрат и дрвја. Ангажирани биле шест пожарникари со две противпожарни возила. Пожарот бил целосно ликвидиран околу 19:00 часот.