Горан Пандев поворно го облече дресот и заигра за Интер со кого го оствари најголемиот успех освојувајќи ја Лигата на Шампионите во 2012 година. Toj беше дел од легендите на Интер Фиго, Занети, Матераци, Цезар, Лусио, Снајдер, Камбиасо, Милито, Станковиќ… кои настапија на ревијалниот натпревар против селекцијата на Грузија составена од поранешни фудбалери од оваа држава.
„Тоа беше средба, видување, натпревар полни со емоции, возбуда, адреналин, сеќавања. Да се видиш со колегите после толку години и повторно да заиграш во тој дрес за мене беше чест. Два дена фантастични и навистина беше многу интересно и забавно. Се потсетивме на многу работи, а она што не изненади сите нас што сакавме да победиме по секоја цена против ветераните на Грузија“, вели Пандев.