Театарската претстава за деца „Волкот и трите музички прасиња” која е пропратена со новокомпонирани детски песни кои се специјално создадени за ова врвно уметничко дело, на 20 октомври (недела) од 12:00 часот ќе биде изведена на големата сцена во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.
Ова е претставата која што заради нејзиниот голем квалитет и атрактивност ги полни салите низ цела Македонија и тоа по неколку пати, а по барање на публиката во Струмица, трите музички прасиња заедно со смешниот волк доаѓаат на сцената во Центарот за култура за да ги воодушеваат најмладите во овој град.
Младите струмичани ќе ја имаат ретката можност да го гледаат овој најголем детски музички спектакл со волкот и трите прасиња, и вистински ќе уживаат во оваа претстава со професионални маски.
Билет по цена од 150 денари можете да си резервирате преку телефонскиот број: 070/272-593.