недела, 7 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Голема акција во Македонија: Сузбиена меѓународна група за шверцување мигранти, приведени 10 лица

понеделник, 5 јуни, 2023 | 14:26
in Вести, ВЕСТИ од Македонија, Струмица

Денеска од страна на Националната единица за сузбивање шверцување мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, секторите за внатрешни работи во Куманово, Скопје, Струмица и регионалните центри за гранични работи „Југ“ и „Исток“, под раководство на јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, во рамките на криминалистичка истрага, која се води под псевдонимот „Исар“, беше спроведена координирана полициска операција со цел сузбивање организирана криминална група, која го извршувала кривичното дело шверцување мигранти.

Криминалистичката истрага над организираната 17-члена група, која е дел од меѓународен канал за шверцување мигранти, се спроведуваше од јули 2021 година до мај 2023 година. Оваа организирана криминална група врз основа на претходен договор со лица од Србија, Бугарија, Унгарија и РСМ организирала шверцување мигранти од Грција кон Унгарија и од Бугарија кон Србија со крајна дестинација во земјите на ЕУ.

Оваа меѓународна криминална група била предводена од М.И., С.М., Ж.К., Д.Д. и С.П., при што најпрвин обезбедувале возила од рент-а-кар агенции од Скопје, Куманово и Тетово и од Бугарија, а потоа ангажирале лица возачи и т.н. чистачи за прифаќање и превезување на мигрантите. Од страна на организаторите, преку лични средби на претходно договорени локации во Србија и Унгарија, како и преку мобилни апликации на лицата возачи и чистачи, како и на лица организатори од Србија и Унгарија, им е испраќана точната локација за прифаќање на илегалните мигранти. Од овие локации мигрантите биле преземани од С.И., М.Д., К. Ж., А.Т., С.С., Ш.Г., Н.М., Н.М. и М.М., кои биле ангажирани во улога на возачи и чистачи. Истите тие лица повремено ангажирале и други лица како возачи за прифаќање на мигрантите.
Во зависност од бројот на шверцуваните мигранти, како и локациите и возилата со кои се преземани и превезувани мигрантите од страна на криминалната група од РСМ преку териториите на Србија, Унгарија и Бугарија, цената на транспорт за лице што ја исплаќале мигрантите се движела од 2.000 до 4.000 евра.

Во текот на истрагата утврдено е лице – организатор по потекло од Ирак, со германски патни документи, член на меѓународната криминална група на шверцување мигранти, кој по претходна комуникација со организаторите од РСМ договарал прифаќање и превезување илегални мигранти на територијата на Бугарија и Унгарија за што преку брз трансфер на пари преку лица посредници од Турција вршел трансфер на пари кон организаторите од РСМ.
При реализацијата на оваа криминалистичка истрага беа вклучени соодветен број полициски сили од ОСОСК, ОСПО, ОКТИВ и СВР Скопје – ЕУМНА, при што претреси беа извршени во вкупно 11 објекти, лоцирани на подрачјето на Куманово, Кратово и Струмица, лишени од слобода се 10 лица, а три лица – членови на криминалната група – веќе издржуваат мерка затвор во КПУ „Штип“, КПУ „Идризово“ и Р. Унгарија за претходно сторени кривични дела шверцување мигранти.

ОСОСК до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против 17 лица, и тоа против: М.И. (21), Ж.К. (23), М.М. (21), сите од Куманово, и Д.Д. (20) и С.Т. (20), двајцата од Кратово, за сторени кривични дела организирање група и поттикнување извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и шверцување мигранти (член 418-в став 1) и шверцување мигранти (член 418-б став 4 вв став 2), С.П. (22) од Куманово за сторено кривично дело организирање група и поттикнување извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и шверцување мигранти (член 418-в став 1) и шверцување мигранти (член 418-б), С.М. (26) од Куманово за сторено кривично дело организирање група и поттикнување извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и шверцување мигранти (член 418-в став 1), С.И. (48) од Скопје за сторено кривично дело организирање група и поттикнување извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и шверцување мигранти (член 418-в став 2), М. С. (26) од Струмица, М.Д. (31), К.Ж. (20), Н.С. (27), Н.М. (24), сите од Куманово, за сторено кривично дело организирање група и потикнување извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и шверцување мигранти“ (член 418-в став 2), А.Т. (21) и С.С. (21) од Кратово за сторени кривични дела организирање група и потикнување извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и шверцување мигранти (член 418-в став 2) и шверцување мигранти (член 418-б став 4), Ш.Г. (29) од Скопје за сторени кривични дела организирање група и потикнување извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете ишверцување мигранти (член 418-в став 2) и шверцување мигранти (член 418-б став 4 вв чл. 24) и Н.М. (21) од Штип за сторени кривични дела организирање група и потикнување извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и шверцување мигранти (член 418-в став 2) и шверцување мигранти (член 418-б).

ShareTweetShare
Previous Post

Утре почнува „Струмица Опен фестивал 2023“

Next Post

Кривична за струмичанец, кај него пронајдена марихуана, амфетамин и таблети МДМА

Related Posts

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
Вести

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле

сабота, 6 декември, 2025 | 16:32
Младиот ликовен уметник Таше Пефќев со втора самостојна изложба на 17 декември
Вести

Младиот ликовен уметник Таше Пефќев со втора самостојна изложба на 17 декември

сабота, 6 декември, 2025 | 14:20
Средба на женски организации од Југоистокот со пратенички: Локалните предизвици од руралните средини бараат системски решенија
Вести

Средба на женски организации од Југоистокот со пратенички: Локалните предизвици од руралните средини бараат системски решенија

сабота, 6 декември, 2025 | 12:27
Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката
Вести

Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката

сабота, 6 декември, 2025 | 10:42
14 години без македонската фолк легенда Гоце Арнаудов
Вести

14 години без македонската фолк легенда Гоце Арнаудов

сабота, 6 декември, 2025 | 08:54
Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките
Вести

Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките

петок, 5 декември, 2025 | 14:39

ТОП ВЕСТИ

Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката
Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките
Голем подвиг на струмичките планинари на Андите – членови на ПК „Ентузијаст“ освоија врв над 6000 метри

ВЕБ БИЛБОРД

СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица
На 3 декември ќе се одржат собири на граѓани за избор на членови на советите на Урбаните и Месните заедници во општина Струмица
Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН
Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist