понеделник, 8 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Годишната награда за животно дело на Горан Пандев за патрониот празник на Струмица

понеделник, 11 декември, 2023 | 15:53
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Годишната награда за животно дело на Горан Пандев за патрониот празник на Струмица

Фудбалската интернационална ѕвезда, поранешниот репрезентативец кој ја однесе Македонија на Европско првенство, струмичанецот Горан Пандев ја доби Годишната награда за животно дело на Општина Струмица по повод патронот на градот Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици.

„Сигурно никој од нас немаше да стаса до тие височини ако не беа струмичани кои секогаш не поддржуваа, ако не беа нашите учители кои не учеа и ни го трасираа патот, ако не беа нашите тренери ментори кои не усовршуваа, ако не беа Светите Петнаеет Тиверополски свештеномаченици, кои беа нашиот чадор на верата, љубовта, здравјето, успехот. Овој празник, овој град не научи да се почитуваме, да се сакаме и да си помагаме. Така нека биде и во иднина оти само со верба, со подадена рака, со почит и љубов, со заедништво се рушаат планини и се постигнуваат успеси. Само кога сме сплотени може да поделиме насмевки, да шириме позитивна енергија да бидеме тоа, за кои своите животи ги дале Петнаесетте светители кои се нашите заштитници, но и нашиот патоказ за подобро утре“, кажа Горан Пандев во своето обраќање по добивањето на наградата, а кој во името на сите наградени и се заблагодари на Општина Струмица за доделувањето на годишните награди.

На свечената седница, Општина Струмица ги додели традиционалните Годишни награди „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во повеќе области. На Фудбалскиот клуб „Тиверија“ за јубилејот 100 години од формирањето на клубот, на крводарителот Ѓорѓи Хаџи-Котаров за особен придонес во областа на крводарителството и хуманоста со над 50 пати дарување крв, на планинарот Благој Ѓузелов кој беше дел од македонската експедиција за искачување на Ајланд Пик на Хималаите, во областа на културата на м-р Зоран Рујак, археолог во НУ „Завод и Музеј“ Струмица, на Фондацијата „Елеуса“ од областа на социјалната заштита, на претседателката на Здружението на пензионери, Данче Даскаловска за особен придонес во областа на општествената работа и на Млекара „ЈОКА“, за особен придонес во областа на економијата и производството, која одбележа 30 години од основањето на компанијата.

На свеченоста по повод патрониот празник на градот Струмица свое обраќање имаше градоначалникот Костадин Костадинов, потенцирајќи ја улогата на заштитниците Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици и традицијата во негувањето на нивните дела и љубовта кои ја имале кон Христа.

„Колку души брои градов, толку огледала ни се потребни. Колку не има возрасни, толку чистилишта ни се потребни, за да влеземе подготвени, чисти и орни за испишување нови поглавја за нашата Струмица. Време е да престанеме белото да го правиме црно, и обратно. Време е сејачите на ветрот да знаат дека жетвата е бура. Време е повторно да се возљубиме, пред да се изгубиме едни од други. Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици треба да ни бидат урнек, а Богочовекот Исус Христос да ни биде и пат, и мост, и сила, за заеднички да кажеме јасно и гласно „Нека патува, нека се движи напред, затоа што секое движење значи прогрес, прогрес за Струмица и нејзините граѓани“ – кажа во своето обраќање гардоначалникот Костадин Костадинов.

По повод празникот на градот, Општина Струмица на денешната свеченост му додели специјално признание на Вокално-инструменталниот состав „Распеани Струмичани“, кој работи во состав на НУ Центар за култура „Антон Панов“ Струмица, а признанието го прими директорката Белагија Аливкинова.

Свечената седница на Советот на општина Струмица беше збогатена и со „мал концерт“ на Детскиот хор „Бранко“ од Ниш, Србија, хор со 137-годишна традиција.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Света Божествена литургија во чест на Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици

Next Post

Маестрална изведба на „Зајди, зајди“ на Иван Кукиќ на концертот на Влатко Стефановски трио во Белград

Related Posts

„Распеани Струмичани“ со годишен концерт на 12 декември во Центарот за култура
Вести

„Распеани Струмичани“ со годишен концерт на 12 декември во Центарот за култура

понеделник, 8 декември, 2025 | 21:08
Вечерва Струмица најзагадена со 343 мигрограми на метар кубен
Вести

Струмица ќе го одбележува патрониот празник – Денот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици

понеделник, 8 декември, 2025 | 15:11
Годишен концерт на КУД „Браќа Минкови“ во Куклиш на 13 декември
Вести

Годишен концерт на КУД „Браќа Минкови“ во Куклиш на 13 декември

понеделник, 8 декември, 2025 | 14:07
Жена загина во тешка сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и автомобил кај Владевци
Вести

Тешко повреден струмичанец откако со автомобилот излетал од патот кај селото Марена, кавадаречко

понеделник, 8 декември, 2025 | 13:17
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Маж од Банско физички ја нападнал сопругата, со која со месеци не живееле заедно

понеделник, 8 декември, 2025 | 11:49
Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи
Вести

Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи

понеделник, 8 декември, 2025 | 08:21

ТОП ВЕСТИ

Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи
Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката
Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките

ВЕБ БИЛБОРД

СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Денеска се слави Свети Климент Охридски

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

НАЈАВА

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица
На 3 декември ќе се одржат собири на граѓани за избор на членови на советите на Урбаните и Месните заедници во општина Струмица
Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН
Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist