четврток, 20 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Годишен Концерт на Музичкото училиште „Боро Џони“ во чест на патронот

понеделник, 22 мај, 2023 | 22:32
in Вести, Струмица

Општинското основно музичко училиште „Боро Џони“ од Струмица го одржа својот завршен концерт, во чест на својот патрон.

На свеченоста беа доделени Плакети и признанија на најуспешните ученици кои со освојувањето на многуте награди во земјава и странство придонеле за афирмацијата на музичкото училиште „Боро Џони“.

И годинава беше доделена традиционалната награда „Најдобар ученик“ од семејството на Боро Џони – Џонови, а ја добија учениците Анастасија Костова, Никита Ѓеоргиевски и Елена Јованова. Наградата на овие талентирани ученици им ја врачи внукот на Боро Џони, Душан Џонов.

За најдобарите ученици во текот на целото нивно основно музичко образование и за покажан исклучителен успех, ООМУ „Боро Џони“ им додели Плакета и признание на деветоодделенците Петар Бунгурџиев и Димитар Филев, по теоретски предмети и Магдалена Мицева и Васја Стојанов, како најдобри во инструменталниот отсек.

„Струмица е горда на Музичкото училиште „Боро Џони“ кое секоја година докажува со факти дека е во самиот врв на македонската основна музичка наобразба. За тоа зборуваат бројните награди и признанија кои учениците, предводени од нивните ментори, ги добиваат на разни државни и меѓународни натпревари, во конкуренција на многу свои врсници од земјата и странство. Тие успеси се резултат на исклучително квалитетна и професионална работа на професорите со своите ученици, но и на големата љубов со која се примопредаваат теоретските и практичните знаења“ – кажа во своето поздравно обраќање градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Најдобрите ученици кои настапувале на домашни и меѓународни натпревари и освоиле повеќе награди, пред струмичката публика во конгресната сала во хотелот „Сириус“ се претставија со дела на познати светски композитори, како и традиционална македонска изворна музика.

На 23 мај 1943 година од страна бугарскиот фашистички окупатор во струмичкиот затвор ѕверски беше убиен и изгорен борецот Боро Џони. Со годишниот завршен концерт, учениците и наставниците го величат и чествуваат животот и делото на својот патрон.

ShareTweetShare
Previous Post

Во Музејот во Струмица на 26 мај Изложба „Ченто – биографија низ фотографија“

Next Post

Поради дефект без вода улицата „Гоце Делчев“, Мало стопанство, Дабиље и Индустриска зона „Сачево“

Related Posts

Јован Коцев избран за нов директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион
Вести

Јован Коцев избран за нов директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион

среда, 19 ноември, 2025 | 21:53
Градоначалникот Јанков избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион
Босилово

Градоначалникот Јанков избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион

среда, 19 ноември, 2025 | 17:27
Од струмичкиот регион уште еден пратеник во македонското Собрание
Босилово

Од струмичкиот регион уште еден пратеник во македонското Собрание

среда, 19 ноември, 2025 | 17:00
Градоначалникот Јанков и претставникот на УНДП Грегоријан со заедничка поддршка за нови развојни проекти во Струмица
Вести

Градоначалникот Јанков и претставникот на УНДП Грегоријан со заедничка поддршка за нови развојни проекти во Струмица

среда, 19 ноември, 2025 | 14:16
Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица
Вести

Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица

среда, 19 ноември, 2025 | 13:09
Претрес во Струмица, пронајдена дрога, приведен дилер
Вести

Струмичани краделе предмети од радовишкиот рудник Бучим и ги продавале на нелегален отпад

среда, 19 ноември, 2025 | 12:26

ТОП ВЕСТИ

Од струмичкиот регион уште еден пратеник во македонското Собрание
Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица
ФОТО: Пожарникари од Струмица и Гевгелија извлекоа повредени лица од превртено товарно возило

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември
MOVEMBER во Струмица: Едукативна трибина за машкото здравје на 20 ноември
Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist