сабота, 22 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Годинава 45 актери со својата улога ќе конкурираат за единствената награда „Ристо Шишков“

понеделник, 9 септември, 2024 | 10:37
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ

Девет претстави, од кои осум со 45 актери ќе бидат во конкуренција за единствената награда за високи актерски достигнувања на годинашното 32-ро издание на меѓународниот Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, кој секоја година се одржува во Струмица стартувајќи на Денот на независноста на Македонија, 8-ми Септември, а ќе трае до 13-ти Септември.

Жири комисијата во состав: Јордан Симонов – актер на МНТ, Билјана Крајчевска – драматург и режисерот Александар Ивановски меѓу 45-те актери ќе го бара лауреатот за годинава, откако заедно со публиката ќе ги проследат сите осум претстави, а на 13-ти Септември во 23:00 часот официјално и ќе го објават и ќе му ја доделат паричната награда од 1500 евра и златен медаљон со ликот на Ристо Шишков.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов кој е покровител на овој фестивал заедно со Општина Струмица, Министерството за култура и Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, отворајќи го фестивалот кажа дека Струмица треба да биде горда што го чува и негува фестивалот како едно од своите најомилени културни чеда, потенцирајќи дека тоа ќе го прави и во иднина во чест на актерите и во чест на бардот на македонското глумиште, неповторливиот Ристо Шишков.

На отворањето на фестивалот синоќа на малата сцена во Центарот за култура „Антон Панов“, на минатогодишниот лауреат, годинава претседател на жирито, Јордан Симонов му беше доделено признанието од 31-то издание, бидејќи минатата година не присуствуваше на доделувањето, како и на најдобриот млад актер од минатата година, Даријан Петров – актер на Народниот театар од Штип.

Со претставата „Црна дупка“ од Горан Стефановски, во режија на Љупчо Ѓоргиевски, а во изведба на домаќините, актерите од струмичкиот театар, претстава која доби три награди на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, за најдобра претстава, за најдобра машка улога и за најдобра епизодна женска улога, стартуваше програмата на годинашниот ФКТ „Ристо Шишков“.

Сите претстави ќе се играат на сцените на Центарот за култура „Антон Панов“, а ќе почнуваат во 19:30 и во 22:00 часот. Во рамките на „офф“ програмата на фестивалот во четврток во 12:00 часот ќе има промоција на  списанието за култура и уметност „СУМ“, со разговор на тема „Благој Стефановски – лик и дело“.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Магеровска Паликарова: Нека 8-ми Септември биде причина да се потсетиме дека сме го добиле тоа што го заслужуваме

Next Post

УХМР: НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ – пообилни врнежи, локално невреме

Related Posts

Комуналец: Исчистена дива мини депонија во центарот на Струмица
Вести

Комуналец: Исчистена дива мини депонија во центарот на Струмица

петок, 21 ноември, 2025 | 11:38
Јован Коцев избран за нов директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион
Вести

Јован Коцев избран за нов директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион

среда, 19 ноември, 2025 | 21:53
Градоначалникот Јанков избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион
Босилово

Градоначалникот Јанков избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион

среда, 19 ноември, 2025 | 17:27
Од струмичкиот регион уште еден пратеник во македонското Собрание
Босилово

Од струмичкиот регион уште еден пратеник во македонското Собрание

среда, 19 ноември, 2025 | 17:00
Градоначалникот Јанков и претставникот на УНДП Грегоријан со заедничка поддршка за нови развојни проекти во Струмица
Вести

Градоначалникот Јанков и претставникот на УНДП Грегоријан со заедничка поддршка за нови развојни проекти во Струмица

среда, 19 ноември, 2025 | 14:16
Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица
Вести

Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица

среда, 19 ноември, 2025 | 13:09

ТОП ВЕСТИ

Од струмичкиот регион уште еден пратеник во македонското Собрание
Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица
ФОТО: Пожарникари од Струмица и Гевгелија извлекоа повредени лица од превртено товарно возило

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември
MOVEMBER во Струмица: Едукативна трибина за машкото здравје на 20 ноември
Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist