вторник, 4 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства

среда, 27 март, 2024 | 13:57
in Вести, ИЗБОРИ 2024
Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари беа социјални случаи, вели д-р Александра Георгиева oд Здружението на лекари специјализанти (ЗЛС), во емисијата „Студио 10″ на Телевизија 24.

Ситуацијата на најзагрозените лекари во државата за прв пат во историјата на државата ја смени Венко Филипче, кога стана министер за здравство.

„Во Македонија пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари беа социјални случаи. Тоа е и „лајтмотивот“ позади основањето на Здружението на лекари специјализанти да се подобри ситуацијата на најзагрозените лекари во Македонија, тогаш министер за здравство беше доц. Венко Филипче, со него започна програмата за исплата на платен надоместок и беше договорено во Министерството за здравство дека исплатата ќе биде на ниво на просечна плата во зависност од годината на исплаќање“, вели Георгиева од ЗЛС, за „Студио 10“.

Во мандатот на Филипче, во 2020 година приватните специјализанти добија и платени дежурства, како и платено здравствено осигурување. Навремената исплата на овие надоместоци беа во мандатот на Филипче, по неговото заминување од Министерството, здравственото осигурување беше укинато од министерот Беким Сали, а дежурствата се исплаќаат со доцнење од 4 месеци, велат младите лекари.

„Во 2020 година беше воведено здравствено осигурување и платени дежурства, претходно дежурствата не беа плаќани воопшто, значи без разлика дали имате 5 или 10 или 15 ноќни смени, платата беше таа фиксна од 26.000 денари. За жал денес во 2024 здравственото осигурување беше укинато без да ни биде дадено образложение зошто е тоа така, а исплатите за дежурства знаат да каснат и повеќе од 4 месеци“, вели д-р Георгиева.

Приватните специјализанти денеска излегоа на протести, зад нивните барања застана и поранешниот министер за здравство, познатиот неврохирург Венко Филипче. Им даде поддршка во барањата за покачување на примањата, согласност растот на платите, како што беше во неговиот мандат.

ShareTweetShare
Previous Post

Фатен крадец во Струмица – крадел од плац за градежни материјали

Next Post

Честитка од градоначалникот Костадин Костадинов до струмичките актери по повод Светскиот ден на театарот

Related Posts

Од 6 до 9 ноември во Струмица ќе се одржи 8-от Mеѓународен симпозиум по археологија на тема „Теракота и грнчарија – Од Енкиду до зграфито“
Вести

Од 6 до 9 ноември во Струмица ќе се одржи 8-от Mеѓународен симпозиум по археологија на тема „Теракота и грнчарија – Од Енкиду до зграфито“

вторник, 4 ноември, 2025 | 10:06
Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај
Вести

Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај

понеделник, 3 ноември, 2025 | 21:19
Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург
Вести

Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург

понеделник, 3 ноември, 2025 | 09:18
Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик
Вести

Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик

недела, 2 ноември, 2025 | 19:46
Во прекин патниот правец Струмица – Валандово на Валандовско брдо
Вести

Уште една жртва во сообраќајка во струмичко – загина 63-годишен возач на мопед

недела, 2 ноември, 2025 | 13:19
Во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш загина 46-годишен жител на Сушево
Василево

Во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш загина 46-годишен жител на Сушево

недела, 2 ноември, 2025 | 11:52

ТОП ВЕСТИ

Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај
Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург
Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist