Екипата на ОК „Струмица 47&72“ издвојува победа над ОК „Штип УГД“ и во вториот натпревар во финалната серија во одбојкарскиот шампионат, кој се одржа вечерва во Спортската сала „Парк“ во Струмица.
Во многу тежок натпревар со многу пресврти по сетови, струмичките одбојкари се изборија во финишот за победа од 3:2 (25:11, 19:25, 25:22, 13:25, 15:13) и потврда на амбициите за нов шампионски пехар.
Следниот натпревар се игра на 1 мај во Спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип, натпревар кој за домаќините е да се биде или не, додека за струмичани прва шанса да се освои шампионскиот пехар во Првата машка лига.