Од УХМР информираат дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре (петок, 10 март), времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер (над 70 км/час). Локално ќе бидат во форма на невреме.
 
 
                                 
 
 
		    
 
                                











 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	

















 
								