вторник, 19 август 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Вработените во „Паркиралишта Струмица“ стравуваат за своите плати – најавуваат штрајк

вторник, 19 август, 2025 | 08:28
in Вести, Струмица
Вработените во „Паркиралишта Струмица“ стравуваат за своите плати – најавуваат штрајк

Вработените во Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ не добиле плата за месец јули, и стравуваат дали ќе можат да им се исплаќаат платите, бидејќи сметката е блокирана, информираше претседателот на Синдикалната организација при оваа јавно претпријатие, Фидан Методиев.

„Немаме земено плата поради долгови кон фирмите кои направија промена на канделабри на улицата „Маршал Тито“ – Стара чаршија и украсување на градот за Нова година, па затоа од нив сметката ни е блокирана“ – вели Методиев.

Директорот на ЈП „Паркиралишта Струмица“, Иван Стаменовски писмено ги информирал Синдикатот и вработените за оваа состојба, односно дека сметката на претпријатието е блокирана поради неисплатен долг кон добавувачите, бидејќи Општина Струмица, како нарачател на неколку проекти кои ги реализираше ЈП „Паркиралишта Струмица“, не им ги исплатил парите предвидени за реализација на проектите: Реконструкција на јавно осветлување на ул. „Маршал Тито“ (Стара чаршија), Реконструкција на јавно осветлување на ул. „Сандо Масев“ и надвозникот кај Општина Струмица, како и за Новогодишното украсување на градот.

„Очигледно е дека и покрај извршените и реализирани проекти не се исплатени средства кон ЈП „Паркиралишта Струмица“ од страна на Општина Струмица и истите средства да бидат исплатени кон надворешните изведувачи“ – стои во известувањето од директорот Стаменовски до вработените во претпријатието.

Стаменовски ги информирал и дека за ваквата состојба биле известени градоначалникот, претседателот на Советот и секретарот на Општина Струмица.

„Сите се известени дека со најголема итност и приоритет потребно е да се исплатат сите долгови за одблокирање на сметката на јавното претпријатие, како и, доколку деловникот за работа на Советот на општина Струмица го дозволува тоа, ваквата ситуација да биде на дневен ред на идната седница на Советот на општина Струмица“ – напишал Стаменовски.

Претседателот на синдикалната организација, Фидан Методиев информираше дека Синдикатот на СУТКОЗ при ЈП „Паркиралишта Струмица“, вчера одржал состанок со извршниот одбор на синдикатот и донеле одлука, доколку до петок, 22 август не се исплати заостанатата плата, синдикатот да започне подготовка за организирање штрајк.

ShareTweetShare
Previous Post

Легендата на македонската песна Гоце Арнаудов ако беше жив денеска ќе полнеше 71 година

Next Post

СДСМ Струмица апелира до градоначалникот Костадинов веднаш да изнајде решение и да го исплати долгот кон ЈП „Паркиралишта Струмица“

Related Posts

СДСМ Струмица апелира до градоначалникот Костадинов веднаш да изнајде решение и да го исплати долгот кон ЈП „Паркиралишта Струмица“
Вести

СДСМ Струмица апелира до градоначалникот Костадинов веднаш да изнајде решение и да го исплати долгот кон ЈП „Паркиралишта Струмица“

вторник, 19 август, 2025 | 13:13
Легендата на македонската песна Гоце Арнаудов ако беше жив денеска ќе полнеше 69 години
Вести

Легендата на македонската песна Гоце Арнаудов ако беше жив денеска ќе полнеше 71 година

вторник, 19 август, 2025 | 07:13
Се затвора обиколницата околу Солун – важно соопштение за оние кои патуваат на Халкидики во Грција
Вести

Се затвора обиколницата околу Солун – важно соопштение за оние кои патуваат на Халкидики во Грција

понеделник, 18 август, 2025 | 21:32
Одново во функција механизмот за жалби поврзани со изборните активности во онлајн просторот
Вести

Одново во функција механизмот за жалби поврзани со изборните активности во онлајн просторот

понеделник, 18 август, 2025 | 10:39
Уметникот Александар Филев ја продава оваа слика, а парите да се уплатат на сметката за помош на Тијана
Вести

Уметникот Александар Филев ја продава оваа слика, а парите да се уплатат на сметката за помош на Тијана

недела, 17 август, 2025 | 22:47
Да и помогнеме на 9-годишната Тијана од Добрејци која цела година води битка со тешка болест – Итно се потребни финансиски средства
Вести

Да и помогнеме на 9-годишната Тијана од Добрејци која цела година води битка со тешка болест – Итно се потребни финансиски средства

недела, 17 август, 2025 | 22:22

ТОП ВЕСТИ

Првата концертна вечер на „Струмица Опен Фестивал 2025“ посветена на трагично загинатиот музичар Џоко Ѓоргиев
Пожар во Штука – гореше кровна конструкција од куќа и штала
Повредени тројца млади луѓе на возраст од 12, 15 и 19 години кои со мотори направиле сообраќајка на „Ленинова“

ВЕБ БИЛБОРД

Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“
На 15 и 18 август во струмичкиот регион ќе се изврши ларвицидна и терестична дезинсекција
Вечерва втора концертна вечер на „Струмица Опен Фестивал 2025“ – македонска музика и големи хитови
Првата концертна вечер на „Струмица ОПЕН фестивал 2025“ во чест на Џоко Ѓоргиев
Струмица ќе ги чествува двата Илиндена

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist