понеделник, 8 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Во „UP HUB“ Струмица се реализира бесплатна тренинг-програма за обука на тема „Дигитален маркетинг“

петок, 28 април, 2023 | 12:34
in Вести, Струмица

Како дел од програмата за работа на креативниот „UP HUB“ од Струмица, во тек е реализација на тренинг модул на тема „Дигитален маркетинг“. Оваа активност е дел од „SKILL UP“ програмата насочена кон подобрување на вештините и компетенциите на младите и поттикнување на нивниот професионален развој. Бесплатниот едукативен тренинг модул е наменет за млади лица до 30 години, кои имаат желба да се стекнат со нови или да ги подобрат сопствените знаења и вештини во една од најбараните професии на денешницата.

По отворениот повик за пријавување, вкупно 29 млади лица со различни образовни позадини, нивоа на искуство и работен статус, ја започнаа двомесечната бесплатна тренинг програма. Во рамки на планираните 32 часа предавања и вежби, учесниците ќе имаат можност да се стекнат со теоретски и практични знаења од областа на дигиталниот маркетинг. Преку комбиниран процес на паралелно учење и работа на реални проекти, учесниците во соработка со предавачите имаат можност за директна примена во пракса на различни тактики и алатки кои имаат сé поголема примена во рекламирањето.

Конкретно, тренинг модулот опфаќа 3 сегменти: Предавања кои се одвиваат со сите учесници, интегрално, Практични вежби за работа на реални кампањи, поделени во групи, Учество на гости-предавачи кои ќе ги споделат своите практични искуства и знаења од областа на креирање и реализација на дигитални кампањи.

„Задоволство е кога на вакви креативни места може да се сподели знаење и искуство со млади луѓе кои имаат желба да слушнат и научат нешто повеќе. Подготвивме програма која, покрај теоретскиот дел, опфаќа практична примена на алатките со кои во денешно време се маркетира и рекламира. Дополнително, предизвик е кога пред себе имате амбициозни и вредни слушатели кои очигледно, од покажаниот интерес, имаат верба и мотивација за развој – личен и на нашето општество“, потенцираше предавачот на тренинг модулот, Иван Димитров, раководител на секторот за Дигитален маркетинг @mccannskopje.

Специјални гости во реализација на програмата се: Сашко Коцев, актер, учесник во голем број рекламни кампањи, Кристијан Станковски – Бомбакис, креатор на содржини за дигитални медиуми и основач на Картон.мк и Позитива Македонија и Стефан Нанев, основач на „YouTube“ каналот @HeatCheck“, кој третира анализи од НБА лигата и има повеќе од 600.000 следбеници и над 90 милиони прегледи.

Тренинг модулот за Дигитален маркетинг се финансира преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција и Република Северна Македонија.

ShareTweetShare
Previous Post

Во Струмица отворен центар за натпреварот НАСА спејс апс челинџ

Next Post

Младата струмичанка Семија Демова се закити со злато и бронза на кулинарски натпревар во Црна Гора

Related Posts

Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи
Вести

Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи

понеделник, 8 декември, 2025 | 08:21
Денеска се слави Свети Климент Охридски
Вести

Денеска се слави Свети Климент Охридски

понеделник, 8 декември, 2025 | 07:26
Претрес во Струмица, пронајдена дрога, приведен дилер
Вести

Тешко повредена жена откако автомобил удрил во неа на „Плачковица“ во Струмица

недела, 7 декември, 2025 | 16:22
Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
Вести

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле

сабота, 6 декември, 2025 | 16:32
Младиот ликовен уметник Таше Пефќев со втора самостојна изложба на 17 декември
Вести

Младиот ликовен уметник Таше Пефќев со втора самостојна изложба на 17 декември

сабота, 6 декември, 2025 | 14:20
Средба на женски организации од Југоистокот со пратенички: Локалните предизвици од руралните средини бараат системски решенија
Вести

Средба на женски организации од Југоистокот со пратенички: Локалните предизвици од руралните средини бараат системски решенија

сабота, 6 декември, 2025 | 12:27

ТОП ВЕСТИ

Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи
Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката
Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките

ВЕБ БИЛБОРД

СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Денеска се слави Свети Климент Охридски

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

НАЈАВА

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица
На 3 декември ќе се одржат собири на граѓани за избор на членови на советите на Урбаните и Месните заедници во општина Струмица
Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН
Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist