Среда, 5 април | 14:00 часот | Europe House – Струмица
На 5 април (среда), во Europe House во Струмица, со почеток од 14:00 часот, ќе се прикаже документарниот филм „Посеана надеж“.
Документарниот филм е снимен на повеќе локации и во него учествуваат 15 социјални претпријатија, кои преку своите емотивни приказни не уверуваат дека и во нашата земја постојат претпријатија кои се темелат на солидарност и желба да се помогне на маргинализираните групи, вклучувајќи ги во општеството. Социјалното претприемништво кај нас е во зародиш, но овие претпријатија се семки на надеж кои допрва ќе се развијат, овозможувајќи им на ранливите лица нови можности.
Режисер на филмот е Костадин Анастасов, а директор на фотографија е Фејми Даут. На настанот ќе се обрати тим лидерката на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“, Барбара Садовска, а по филмот ќе има дискусија во врска со социјалното претприемништво.
Проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ е финансиран од ЕУ, имплементиран од Ептиса, во конзорциум со Барка и Екорис, каде корисник е Министерството за труд и социјална политика.