Зурли, тапани, гајда, кавали, тамбури, народна носија и адаптиран простор и мебел се дел од Школото за изучување на традиционални македонски музички инструменти во селото Штука, општина Босилово кое денеска беше отворено во оваа населено место.
Овој проект е плод на соработката помеѓу Општина Босилово, УСАИД, ЛАГ „Беласица – Огражден“ и општествено одговорни поединци и компании.
„Оваа е најдобриот начин како да се негува македонскиот фолклор. Дедо Велко и КУД „Кавалџии“ од Штука не задолжија да го продолжиме патот кој што тие го започнаа“ – кажа градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев отворајќи ја Школата за изучување на традиционални македонски музички инструменти.