понеделник, 15 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak

Lokalizacja językowa nowych slotów

W 2025 roku ponad 70% nowych slotów dostępnych Vulcan Vegas jak wyplacic w polskich kasynach posiada pełne tłumaczenie na język polski, w tym opisy funkcji, ekran pomocy i komunikaty o wygranych; jeszcze 5 lat temu było to około 30–40% premier.

Monero i inne koiny prywatnościowe

Kryptowaluty z naciskiem na prywatność, jak Monero (XMR), są wspierane przez mniejszość kasyn online; szacuje się, że poniżej 10–15% serwisów kierowanych Beep Beep bonuscode na Europę, w tym Polskę, akceptuje XMR ze względu na ryzyko AML.

Wpływ darmowych spinów na retencję

Kampanie free spins wokół nowych Bison bonus kod slotów sprawiają, że gracze wracają do danego tytułu nawet 2–3 razy częściej w kolejnych tygodniach; różnica w retencji między slotem z promocją i bez promocji bywa dwukrotna.

RTP blackjacka w polskich kasynach

Standardowy blackjack online przy podstawowej strategii zapewnia RTP na poziomie 99,3–99,6%, a stoły w kasyno Bet należą do najkorzystniejszych matematycznie gier w całym katalogu.

Popularność pokera kasynowego

Poker kasynowy – Caribbean, Casino Hold’em czy Three Card – generuje w Polsce około 5–7% ruchu gier stołowych, a różne odmiany dostępne są także na prawdziwe stawki w Ice kasyno.

Wzrost roli wewnętrznych polityk compliance

Operatorzy iGaming opracowują coraz bardziej rozbudowane polityki wewnętrzne: AML, Responsible GG Bet wyplaty Gaming, KYC, IT Security; dokumenty te są regularnie aktualizowane w reakcji na nowe wytyczne MF, EBA i FATF.

Od wejścia w życie nowelizacji ustawy hazardowej w 2017 roku liczba legalnych operatorów online systematycznie rośnie, a kasyna w stylu Lemon muszą spełniać rygorystyczne wymagania dotyczące ochrony danych, weryfikacji wieku i limitów odpowiedzialnej gry.

3
Home Вести

Во четврток во Струмица почнува 19-от „АСТЕРФЕСТ“

вторник, 30 јули, 2024 | 10:23
in Вести, Струмица
Во четврток во Струмица почнува 19-от „АСТЕРФЕСТ“

Деветнаесеттото издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, во знакот на авторскиот филм, ќе започне на 1 август во 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица, со проекција на канскиот лауреат „Човекот кој не можеше да молчи“ во режија на Небојша Слијепчевиќ. Овој тринаесетминутен хрватски филм, со Горан Богдан во главната улога, неодамна освои „Златна палма“ за краток филм на Канскиот филмски фестивал. Дејствието на филмот се случува на 27 февруари 1993 година, во Штрпци, Босна и Херцеговина. Патнички воз на линијата Белград – Бар е запрен од паравоени сили во акција на етничко чистење. Додека ги извлекуваат невините цивили, само еден човек од 500 патници се осмелува да им се спротивстави. Ова е вистинска приказна за човекот кој не можел да молчи. Филмот е успешна копродукција меѓу Хрватска, Словенија и Бугарија и е во продукција на „Антиталент“ од Загреб, а зад него стојат имињата на продуцентите Катарина Прпиќ и Даниел Пек. Значајно е дека оваа награда авторот Слијепчевиќ му ја посветил на Тома Бузов, човекот кој го инспирирал за овој филм и чијашто приказна ја раскажал.

Лауреат на наградата „Астер“ на овогодишниот „Астерфест“ е македонскиот режисер и сценарист Антонио Митрикески, кој оваа престижна награда ја добива за неговата исклучителна филмска поетика и естетски вдахновениот и минуциозен филмски опус. Наградата на Митрикески ќе му биде доделена на самиот чин на отворањето на „Астерфест“.

Во првата натпреварувачка вечер, покрај „Човекот кој не можеше да молчи“, на програмата се уште дванаесет селектирани кратки филмови: „Гилгамеш“ на Шаќир Весели, „Астран“ на групата автори од „Исарт“, „Глувчевата куќичка“ на Тимон Ледер, „Луди и свесни“ (премиера) на Мануела Златкова, „Споменик“ на Сиџија Џенг и Џјашји Ву, „Малиот талкач“ на Каролина Томкова, „Полжавска приказна“ на Ели Воткинс и Хелен Грифитс, „Песок“ на Розе Торн и Матео Коста, „Сламеница кон иднината“ на Николас Нојхолд, „Оп, риба“ на Вибин Виџајан, „Шепкач“ на Младен Ѓукиќ и „Сржта“ на Оберт.

Втората натпреварувачка вечер започнува во 20:30 часот, во Амфитеатарот, со претставување на двократните оскаровци Ким Магнусон и Ребека Прузан од Данска, кои како југоисточноевропска премиера ќе го прикажат својот најнов филм „Љубовни маки“ во режија на Александер Саул. Веднаш потоа следуваат уште десет ексклузивни кратки филмови: европската премиера на „Избавени од злотворот“ на Бенџамин Хекман и Лук Сарџент и „Мигови“ на Катја Фридрих, „Фортисимо“ на Виктор Цеска, „Солени животи“ на Рустам Мелиев, „Гнездо“ на Настимир Цачев, „За живеењето“ на Сезер Салихи, „Навја“ на Ана Шиленкова, „Почест“ на Мат Цискас, „Прошетка“ на Елонора Венинова и „Ги знаеш правилата“ на Овен Тут.

На програмата се филмови од дваесетина држави од сите меридијани, кои ги потпишуваат референтни, високопрофесионални продукции, универзитети и независни филмски автори, од кои повеќето се веќе искусни, а некои се дебитанти.

Македонскиот ликовен уметник Никола Пијанманов, кој е и член на овогодишното интернационално филмско жири на „Астерфест“, изработи уникатни статуетки што од оваа година ќе бидат официјални награди за лауреатите на „Астерфест“. Пијанманов е уметник роден во Струмица, дипломирал на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на повеќе уметнички дела, јавно изложувани, а своите дела ги има претставувано и на неколку самостојни изложби. Како активен и самостоен уметник, тој е целосно посветен на сликањето, вајарството и пишувањето. Другиот член на жирито е Зејгам Азизов, британски филозоф и уметник кој моментално живее и работи во Лондон. Неговото творештво се однесува на глобалната состојба на сликите и нивната можност да ја реартикулираат критичката положба на уметникот низ прашања за времето, сликата и наративните процедури на глобализацијата со јазиците на миграцијата, медиумите и новиот мимезис. Третиот член на жирито е Ганимет Сава, основачка и претседателка на Интернационалниот филмски фестивал „Уметност без граници“ во Приштина. Таа е, исто така, сценограф, филмски и костимски дизајнер, уметнички и моден фотограф. Работела и како активист во различни асоцијации за луѓе со попреченост и за женските права. Жирито ќе одлучува за најдобрите авторски кусометражни филмови во натпреварувачката програма, за „Златната“, „Сребрената“ и „Бронзената потковица“, за Гран при за најдобар краток филм, како и за специјалните плакети „Ацо Алексов“ за најдобар автор и „Ѓорѓи Абаџиев“ за најдобро сценарио, во чест на овие двајца доајени на македонскиот филм.

На 2 август, во хотелот „Горан Пандев“, во 11 часот, ќе се одржи традиционалниот „Астер портрет“ (Тивериополска филмска беседа) за Митрикески, на кој ќе зборува критичарот Стојан Синадинов. Како своевидна филмска посвета на лауреатот Митрикески, четвртата вечер, во Амфитеатарот во Струмица, за струмичката публика ќе има и специјална проекција на неговиот долгометражен игран филм „Преку езерото“, според сценарио на Ташко Георгиевски и Митрикески, со Никола Ристановски и Агњешка Вагнер во главните улоги. „Преку езерото“ е филм во кој Константин мечтае по Елена, која е од другата страна на езерото, и се решава на неизвесна авантура, за пат преку езерото во кајче – за да стигне до неа.

Посебен настан за филмофилите ќе биде и промоцијата на книгата „Филмска објектологија“ на авторот Васил Михаил, на 3 август од 11 часот, во хотелот „Горан Пандев“, којашто ќе ја промовираат Саша Станишиќ и Далибор Плечиќ. Авторот на книгата, преку практични и теоретски инструменти, аргументира и предлага воведување на нова подгранка на филмологијата која ќе се нарекува Филмска објектологија, а сценариото за краток игран филм „Кујна“ е основната појдовна точка од која се развива теоријата за објектот во филмски кадар.

Во чест на наградените, откако жирито официјално ќе ја соопшти својата одлука, на 3 август, пред вечерните проекции, ќе има и кратко претставување на ДВД-то „Македонски кратки играни филмови“ во издание на Кинотека на Македонија, по што ќе следуваат неколку култни филмови од ризницата на македонската кинематографија. Меѓу другото, ќе се прикажат дигитално реставрираната верзија на „Црно семе“, во знак на 5 години од смртта на Кирил Ценевски, како и наградуваниот краток игран филм „Со кренати раце“ на Митко Панов.

На четвртата вечер струмичката публика ќе има прилика да ја гледа раритетната копија на долгометражниот игран филм „Преку езерото“ на лауреатот Антонио Митрикески, како и краткиот филм „Лифт горе, лифт долу“ во режија на Душан Наумовски. Сите овие проекции се овозможени во соработка со Кинотека на РС Македонија.

Покрај дел од авторите од повеќе земји, на Фестивалот се очекуваат и високи претставници од Европската филмска академија, од Скандинавската филмска диструбуција, како и од Британскиот филмски институт.

Деветнаесеттото издание на „Астерфест“ во Струмица ќе се одвива под мотото „Кинореалност ’24“. Со разновидните вечерни проекции во Амфитеатарот и со придружните дневни настани, Фестивалот ќе трае до 5 август вечерта, кога ќе се прикажат наградените филмови од натпреварувачката програма.

„Астерфест филм фестивал“, во пресрет на јубилејната сезона, организира серија промотивни настани и авторски проекции, под насловот „Тивериополски филмски денови“, а ја обнови и едицијата книги „Словенски Орфеј“.

Новитет е и востановувањето на Филмската школа на „Астерфест“, што ќе биде своевидно продлабочување на работилниците и мастер-класовите, но со светски едукациски модел на стекнувања искуства и вештини. Школата ќе биде раководена од врвни академски личности од светот на културата, филмот и драмските уметности.

Покровител на Фестивалот е Општина Струмица.

ShareTweetShare
Previous Post

Пукна главната водоводна цевка помеѓу Радово и Босилово – без вода четири села

Next Post

Противпожарната единица на Струмица испрати пожарникари – спасители во Пехчево да помогнат со големиот пожар

Related Posts

Струмичанецот Никола Матушко дел од успешната македонска експедиција на највисокиот вулкан во светот – Ојос дел Саладо
Вести

Струмичанецот Никола Матушко дел од успешната македонска експедиција на највисокиот вулкан во светот – Ојос дел Саладо

недела, 14 декември, 2025 | 20:16
Меѓународен турнир во одбојка за ветерани по повод патрониот празник на Струмица – победници ветераните на Белград
Вести

Меѓународен турнир во одбојка за ветерани по повод патрониот празник на Струмица – победници ветераните на Белград

недела, 14 декември, 2025 | 16:11
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Приведен 50-годишен струмичанец поради физички напад врз својот татко

недела, 14 декември, 2025 | 15:39
„Фолклорна низа“ со Новогодишен концерт „Низ звуците на нашите ора“ во Струмица
Вести

„Фолклорна низа“ со Новогодишен концерт „Низ звуците на нашите ора“ во Струмица

недела, 14 декември, 2025 | 13:56
КУД „Браќа Минкови“ од Куклиш го одржаа традиционалниот Годишен концерт – на гости им беа играорци од Банатско Велико село
Вести

КУД „Браќа Минкови“ од Куклиш го одржаа традиционалниот Годишен концерт – на гости им беа играорци од Банатско Велико село

недела, 14 декември, 2025 | 09:12
Дијаконија – Мис Стон Центар добитник на признанието „Вељо Манчевски“ за хуманитарна служба
Вести

Дијаконија – Мис Стон Центар добитник на признанието „Вељо Манчевски“ за хуманитарна служба

петок, 12 декември, 2025 | 21:34

ТОП ВЕСТИ

Утрово се одржа Света архијерејска литургија во чест на патрониот празник на Струмица на која началствуваше Архиепископот г.г. Стефан
Браќата Миле и Георги Барбаровски добитници на Наградата за животно дело на Општина Струмица
Празнична вечерна богослужба во манастирот на Светите Петнаесет во пресрет на патрониот празник на Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

СЕ ПРОДАВА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА на актрактивна локација покрај регионалниот пат Струмица – Василево СЕ ПРОДАВА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА на актрактивна локација покрај регионалниот пат Струмица – Василево
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар

ВЕСТИ од Македонија

Денеска се слави Свети Климент Охридски

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

НАЈАВА

„Фолклорна низа“ со Новогодишен концерт „Низ звуците на нашите ора“ во Струмица
Среда и четврток посебен режим на сообраќај кон црквата „Св. Петнаесет“ по повод патрониот празник на Струмица
„Распеани Струмичани“ со годишен концерт на 12 декември во Центарот за култура
Годишен концерт на КУД „Браќа Минкови“ во Куклиш на 13 декември
Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist