сабота, 19 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Во чест на Видое Подгорец се одржа научен симпозиум – „Локалните културни обележја како топоси во книжевноста за деца“

понеделник, 16 декември, 2024 | 09:25
in Вести, Струмица
Во чест на Видое Подгорец се одржа научен симпозиум – „Локалните културни обележја како топоси во книжевноста за деца“

Здружението „Средби под јаворите – Видое Подгорец“ веќе 22 години го чува и негува ликот и делото на најплодниот македонски писател Видое Подгорец. Во годината во која одбележуваме 90 години од раѓањето на големиот подбеласички исполин, викендот во Струмица се организираше научен симпозиум, како што велат организаторите, со надеж дека раслојувајќи го Подгорец, ќе дојдеме до книжевните топоси врз кои почива неговата книжевна актива, а се нераскинлив дел од локалниот културно-туристички пејзаж на Струмица и околината.

„Со цел да направиме поврзување на книжевноста и културно-туристичкиот потенцијал на Струмица, се исправивме пред предизвикот, во книжевноста да ги побараме крајпатните знаци коишто авторите родени тука, ги оставале кога само физички го напуштиле родниот крај. Но, мислата нивна до крај останала да се напојува од изворите на местото на кое таа истата пуштила никулци. Да се биде жител во полите на големата плодна, зелена и митска Беласица, да се биде современик и да се учи од делото на плодниот Видое Подгорец, би требало да биде добар предуслов да се разбуди нашата свест дека и Подгорец и Беласица се две богати паралелни нарации на еден прекрасна приказна за книжевноста, уметноста и воопшто за културата на Струмица, лулката на светоградбите во Вељуса, Водоча, Банско, Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици и планината, костурницата на страдалниците во Беласичката битка. Сите тие имаат свои прототипови во книжевноста“, вели професорката Ана Витанова Рингачева.

Дводневниот научен симпозиум насловен „Локалните културни обележја како топоси во книжевноста за деца“ е дел  од програмата Г1 на Општина Струмица. Очекуваните резултати од реализацијата на проектот секако се откривање и презентирање на нови научни сознанија за локалните културни обележја, застапени во книжевноста. Книжевноста за деца претставува основа за потврдување на тезата дека локалните културно-историски обележја препознатливи за струмичкиот регион, можат да бидат во функција на развој на културниот туризам. Придобивките од реализацијата на проектот се поливалентни. Од една страна ги детектираат и им даваат поголема видливост на малите локални културно-историски обележја кои со самото тоа што се вкоричени во книжевното дело, добиваат статус на трајност.

„Со тоа сакаме да поттикнеме позитивна промена на колективната свест за моќта на книжевноста во насока на зачувување и популаризација на културното наследството, токму преку книжевноста како медиум“, додава Витанова Рингачева.

На симпозиумот учествуваа 25 професори и научници од земјата и странство, а воведно предавање одржа проф. д-р Ермис Лафазановски, директор на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Музичка седенка на која публиката си потпевнуваше, а со рацете го следеше ритамот на „Чалгија саунд систем“

Next Post

Приведен струмичанец кај Прдејци – во автомобилот пронајдени марихуана, кокаин и опиум

Related Posts

ВИДЕО: Полициски хеликоптер во 60 налети исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко
Василево

ВИДЕО: Полициски хеликоптер во 60 налети исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко

петок, 18 јули, 2025 | 21:34
Петар Спасов ќе биде кандидат за градоначалник на општина Ново Село од СДСМ
Вести

Петар Спасов ќе биде кандидат за градоначалник на општина Ново Село од СДСМ

петок, 18 јули, 2025 | 21:03
СВР Струмица со информација за вчерашниот пожар во кој почина едно лице
Вести

СВР Струмица со информација за вчерашниот пожар во кој почина едно лице

петок, 18 јули, 2025 | 15:58
Заменик министерката за европски прашања и директорот на Платежната агенција во посета на Општина Босилово
Босилово

Заменик министерката за европски прашања и директорот на Платежната агенција во посета на Општина Босилово

петок, 18 јули, 2025 | 15:25
Во Градската Уметничка галерија поставена изложба на дела од Камелија Каламерникова – ќе можете да ги погледнете во ноќните часови до 20 јули
Вести

Во Градската Уметничка галерија поставена изложба на дела од Камелија Каламерникова – ќе можете да ги погледнете во ноќните часови до 20 јули

петок, 18 јули, 2025 | 15:03
Пожар во куќа во Ново Село
Вести

Едно лице почина во пожар кој настанал во неговиот стан во Струмица

четврток, 17 јули, 2025 | 17:49

ТОП ВЕСТИ

Едно лице почина во пожар кој настанал во неговиот стан во Струмица
Градоначалниците на општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село потпишаа договори со министри од Владата за реализација на проекти
Загина 33-годишен жител на Иловица – управувајќи мотор удрил во бандера

ВЕБ БИЛБОРД

Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Младата уметница од Струмица Камелија Каламерникова ќе постави изложба во Градската уметничка галерија
Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии
На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist