Синоќа во центарот на Ново Село, Здружението „Кво Вадис Ад Астра“, со поддршка на Општина Ново Село и Амбасадата на Република Италија по втор пат организираше Македонско-италијанска забавна вечер со вкусна храна по традиционални македонски и медитерански рецепти, квалитетно македонско вино, италијански канцони и македонски евергрини насловен „Пролетен концерт“.
Во музичката програма настапија италијанскиот бенд „Бона Деа“ со изведба на италијански песни и македонскиот бенд „Ретроманија“ кои се претставија со најубавите македонски песни.
Меѓу публиката беа заменик-шефот на Мисијата на Италија во Македонија д-р. Марио Де Роза, Викарниот Епископ г. Јаков Стобиски од Струмичката Православна Епархија, како и градоначалници од регионот.