среда, 2 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Во Центарот за култура во Струмица настан во чест на македонската уметница Андријана Мациев

недела, 15 септември, 2024 | 18:45
in Вести, НАЈАВА, НАСТАНИ, Струмица
Во Центарот за култура во Струмица настан во чест на македонската уметница Андријана Мациев

Утре, (понеделник, 16 септември) во 19:30 часот во Центарот за култура „Антон Панов“, по шести пат, а за прв пат во Струмица ќе се одржи настанот „Љубов за сите“ во чест и спомен на големата македонска уметница Андријана Мациев, која прерано замина во Вечноста, но остави дела по кои ќе ја паметиме засекогаш.

На манифестацијата ќе бидат поставени 20 дела од 3 ликовни циклуси на уметницата Андријана Мациев. „Живот во бои“, „Женски приказни“ и „Шарени вибрации – Разбуди се, погледни во сонцето и насмевни се“. Ќе бидат промовирани двата алманаха, со наслов „Љубов за сите“, пишувани од група автори, инспирирани и вдахновени од земниот и небесниот живот на Андријана Мациев, олицетворение на Ангел Небесен.

Овој настан се одржува по повод роденденот и двеипол години од заминувањето на Андријана Мациев.

Андријана замина од оваа реалност на 12 мај 2022 година, но нејзиниот лик и дело се инспиративни и чудесно живи и денес, па затоа на 16 септември, ќе го одбележиме нејзиниот 44 роденден, со оваа пригодна манифестација во чест на нашата сакана, почитувана, величествена уметница Андријана Мациев, велат организаторите.

Манифестацијата ќе ја води Ѓорѓи Калајџиев, а на присутните ќе се обрати и нејзината мајка Јулија Мациевска. На манифестацијата ќе земат учество и истакнати ликовни уметници, поети и вокални солисти.

Покана до струмичани, да бидат дел од овој исклучитечен културен настан, во чест на Андријана Мациев, која беше позната и на струмичката публика, со своја ликовна изложба, учесник на ликовна колонија во Струмица и ликовни перформанси.

Влезот е слободен…

ShareTweetShare
Previous Post

Утрово избувна пожар во помошна просторија од куќа, спречено негово проширување кон други објекти

Next Post

Кај струмичанец пронајдени најлонски пакувања со кафеава прашкаста материја

Related Posts

Претрес во Струмица, пронајдена дрога, приведен дилер
Вести

Струмичанец пронајден мртов на паркинг во Скопје

вторник, 1 јули, 2025 | 17:12
Во вчерашната полициска акција запленети 100 килограми марихуана
Вести

СВР Струмица за вчерашната полициска акција

вторник, 1 јули, 2025 | 15:56
Мерцедес се забил во дуќан кај главната болница во Струмица – едно лице потешко повредено
Вести

Мерцедес се забил во дуќан кај главната болница во Струмица – едно лице потешко повредено

вторник, 1 јули, 2025 | 15:35
Во вчерашната полициска акција запленети 100 килограми марихуана
Вести

Во вчерашната полициска акција запленети 100 килограми марихуана

вторник, 1 јули, 2025 | 11:21
Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата
Вести

Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата

понеделник, 30 јуни, 2025 | 20:04
Новата струмичка болница наскоро ќе биде пуштена во употреба – кабелот до трафостаницата е поврзан
Вести

Новата струмичка болница наскоро ќе биде пуштена во употреба – кабелот до трафостаницата е поврзан

понеделник, 30 јуни, 2025 | 15:23

ТОП ВЕСТИ

Мерцедес се забил во дуќан кај главната болница во Струмица – едно лице потешко повредено
Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата
Од 1 јули се воведува забрана за движење во шумите

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

НАЈАВА

На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist